Македонија
ЦИВИЛ предлага 8 март да се прогласи за неработен ден за жените
Правата на жените се човекови права што веќе 70 години се заштитени со меѓународното право и Обединетите нации. Жените имаат право да живеат ослободени од насилство, ропство и дискриминација. Жените имаат еднакви права да се школуваат, да поседуваат имот, да гласаат и да заработат фер и еднаква плата како и сите други вклучени во пазарот на трудот. За жал, насекаде во светот, па и во Република Северна Македонија, жените и девојките се соочуваат со негирање на нивните права, дискриминација и насилство, едноставно, поради нивната родова припадност.
По повод Меѓународниот ден на правата на жените, 8 Март, ЦИВИЛ уште еднаш го крева гласот во поддршка на сите жени во светот, и бара да се стави крај на дискриминацијата и насилството против жените. ЦИВИЛ бара од институциите да престанат со декларативните заложби и доследно да ги спроведат сите закони за заштита на човековите права и слободи и за заштита од дискриминација по родова основа. Институциите на државата и на локалната самоуправа, како и општеството во целост, мора да работат на еманципација и почитување на правата на жените.
Политиките и практиките мораат да се подобрат веднаш, без одложување, веќе до крајот на денешниот ден. Секој што го чита или слуша ова соопштение мора да преземе итни чекори за унапредување на правата на жените.
ЦИВИЛ бара од Владата да подготви законски мерки и да воведе практики на најостро санкционирање на секоја постапка што жената ја става во подредена положба или ја дискриминира на работното место, во семејството, во јавноста или на кое било друго место или ситуација. Медиумите и граѓанските организации мораат да манифестираат повисока одговорност и да работат на граѓанска едукација за правата на жените.
ЦИВИЛ предлага 8 март да се прогласи за неработен ден на сите жени во земјата.
Правичната застапеност на жената од 50% во институциите и во структурите за донесување на одлуките се подразбира и мора да се спроведе веднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.