Македонија
Ципрас: За Грција ќе биде голема победа ако има одредница пред името Македонија

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, ги оценил денешните преговори за името во Њујорк како критични и чувствителни и рекол дека за Грција би било голема победа ако постигне решение да се додаде одредница на името Македонија.
„Го браниме националниот став“, рекол Ципрас по состанокот со градоначалникот на Солун, Јаник Бутарис. Критичарите на преговорите со Македонија ги нарекол будали. „Ништо нема да предадеме, туку се обидуваме да вратиме нешто што други предадоа пред 70 години“, рекол тој.
„Нашиот северен сосед повеќе од 70 години има државен ентитет кој бил во југословенската федерација, а потоа е наречена независна држава, наречена ‘Македонија’, носејќи го името без никаква одредница, а кое се однесува на антички грчки свет и на огромна културна градина на грчка Македонија. Го враќаме тоа, и не е лесно“, рекол Ципрас.
Додал дека Македонците немаат никаква врска со Александар Велики и дека нивните корени се словенски и албански и дека тоа тие го признаваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).