Контакт

Македонија

Цицонков: Најголеми виновници за климатските промени се индустриски развиените земји

Објавено пред

Став на проф. д-р Ристо Цицонков, Машински факултет – Скопје
(Авторот е уредник на Првиот нацонален извештај за климатски промени на РМ кон ООН)

dobivaj vesti na viber

Темата за миграција на луѓето е многу широка и немам намера детално да пишувам за неа. Не сум ниту доволно компетентен за тоа. Но не можам да бидам рамнодушен на маките на многу милиони луѓе во светот што се преселуваат не затоа што сакаат, туку за да преживеат. А причините за преселување (климатските промени) ги прават други луѓе, најчесто од богатите земји.

Некои луѓе се преселуваат во потрага за повисок животен стандард, некои да напредуваат во својата работа, некои да студираат. Други се преселуваат за да избегаат од воен конфликт, политички прогон или кршење на човековите права. Според Одделот за население на Обединетите нации, од 1 јули 2020 година глобалниот број на меѓународни мигранти се проценува на 280 милиони.

Меѓународна миграција на население во светот постоела во минатото, постои денес и ќе постои во иднина. И кај нас во Република Македонија (РМ) постои уште од минатото (одење на печалба), имаме и песни за тоа како што се “Параходот ми пристигна“, “Бог да бие кој прв почна“ итн. А иселување постои и денес и тоа доста масовно.

Факт е дека во минатите неколку децении огромен број на луѓе од земјите од источна Европа и од Балканот мигрираа во западна Европа, се работи за милиони работници. Но еве сега се бара нова работна сила. Сретнав информација дека во Хрватска недостигаат работници па почнале да “увезуваат“ од Индија, Бангладеш, Филипини, Непал и др. Но меѓу нив ретко има обучени работници. Овој процес почнува и во РМ. Пробајте да најдете мајстор за водовод, електрика, за поправка на машина за перење, нема доволно работници за градежната дејност и др. Најавени се над 3.000 работници од Пакистан и Непал кои веќе добиле работна дозвола за во РМ, а се планира и “увоз“ од Бангладеш и Индонезија.

Мојата професионална работа е во областа на енергијата, а денес таа е тесно поврзана со климатските промени бидејќи тие настануваат најмногу при производство на енергија. Како последици од климатските промени се јавуваат се’ поголеми катастрофи: поплави, силни урагани, шумски пожари, суши, штети во земјоделството и др. Најмногу страдаат луѓето во сиромашните земји во кои веќе не можат да опстанат и се присилени да мигрираат во други побогати земји. Свесен за ова сакав да покренам некакво внимание на јавноста за миграциите на луѓето, но бидејќи тоа не е во мојата област во која работам, досега немам напишано нешто за тоа. Но овие денови ме потикнаа две работи да подготвам напис на таа тема.

Пред некој ден во јавните медиуми сретнав една информација од Евростат (Агенцијата за статистика на ЕУ) во која укажува на драстичното „стареење“ на жителите во Европа со што се намалува бројот на работоспособното население. Заради тоа, нивните статистичките податоци покажуваат загрижувачки недостиг на работна сила за потребите на реалната економија и за секторот услуги во ЕУ. Поради ваквата ситуација, комесарката за внатрешни работи на ЕУ Илва Јохансон изјави дека е неопходна легална миграција во ЕУ од еден милион луѓе годишно како работна сила за да има стабилна економија. Значи ЕУ бара квалификувана работна сила (школувана; обучена). Во тој контекст ги сведува луѓето во економска категорија како што на пример е трговската стока. Јас ова го гледам како еден вид понижување на граѓаните од другите земји надвор од ЕУ. Нормално е дека новодојдените работници ќе се соочат со нова социјална средина која се разликува од местото од каде што доаѓаат, ќе им треба време и напор за прилагодување, вклопување на сите членови од семејството, а тоа не може да биде толку лесно и без проблеми.

Јас сакам да го истакнам проблемот со населението од сиромашните земји кое претежно живее од земјоделство и кое е погодено од катастрофите од климатските промени. Голем дел од тоа население се решава да мигрира во други земји за да преживее. Тие луѓе решаваат да одат на долги и ризични патувања при кои има и голем број на жртви. И низ територијата на Македонија има коридор на илегални мигранти кои потекнуваат од Блискиот и Средниот Исток, од Африка, и од земји во кои нема воени судири. Тие бараат нова средина за да преживеат. Меѓутоа, ЕУ не сака да прима такви (илегални) мигранти бидејќи е тешко или не може да ги вклопи како работна сила во нивната економија и во услужните дејности. Дополнителни причини се и што народите од тие земји имаат различни религии, обичаи и начин на живот што претставува проблем за вклопување од социјален аспект. Дека не ги сакаат тие мигранти доказ се многубројните бариери од бодликави жици поставени на голем број граници. На барање на ЕУ бодликави жици има и на границите на РМ.

Не можам, а да не кажам ниту еден збор и за Светскиот економски форум што овие денови се одржува во скијачкиот центар Давос во Швајцарија. Учествуваат околу 2.800 лица, меѓу кои бројни политички лидери (над 60 шефови на држави и влади), милијардери, околу 600 извршни директори од најголемите светски компании и др. Главните теми се: геополитиката (војните), инфлацијата, каматните стапки, вештачката интелигенција и климатските промени. Тие би требало да дискутираат и да помогнат во решавање на најголемите проблеми во светот. Но тука постои видлива контрадиција бидејќи кризите ги предизвикуваат (создаваат) земјите со голема политичка, економска и воена моќ. Всушност, милијардерите и моќните политичари си го гледаат (штитат) својот интерес. Големо лицемерие е ставањето на климатските промени на агендата на овој собир. Сите моќници и милијардери таму доаѓаат со огромни приватни авиони заради еден патник и потребната послуга, а емисиите на СО2 од нив се многу големи.

Најголеми виновници за климатските промени се индустриски развиените (богати) земји кои од 1850 година до денес имаат испуштано огромни емисии на стакленички гасови. Од друга страна, сиромашните земји се најпогодени од климатските катастрофи. Затоа, миграции на сиромашно население кон богатите земји има, и во иднина ќе има уште повеќе. Бодликавите жици не можат да ја спречат таа миграција.

Македонија

Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ

Објавено пред

Од

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

dobivaj vesti na viber

„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.

Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.

„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради одрон во тунелот, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива по една лента

Објавено пред

Од

Поради одрон во тунелот на автопатот Скопје-Велес, после Катланово, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Денеска и утре на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички зафат од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување.

Прикажи повеќе...

Македонија

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.

dobivaj vesti na viber

„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.

Од таму додаваат дека на барање на одбраната, Груби во текот на денешниот ден бил спроведен пред надлежниот обвинител каде вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.

„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија45 минути

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија7 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија8 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија9 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија9 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија10 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија10 часа

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион12 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет12 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија13 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа13 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет13 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет14 часа

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет14 часа

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет14 часа

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа15 часа

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...

Свет1 ден

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет1 ден

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет1 ден

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет1 ден

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...