Македонија
Црната листа е вистината на ДУИ, манипулациите со анкетите не ја вадат од калта, велат од „Влен“
„Дека нашите граѓани се целосно свесни се докажа на последните избори со кои заврши диктаторското владеење на ДУИ. Дека ДУИ ги гледа граѓаните со ниска свест, доказ се анкетите кои погрешни ги протолкуваат и кои се обидуваат да ги продадат како реални. Значи, ДУИ нон грата избра да користи манипулирани механизми за да прикаже лажна илузија дека продолжува да ужива поддршка во албанскиот табор“, велат од ВЛЕН.
„Откако се најде на црната листа, ДУИ нон грата почна да ги губи лојалните гласачи и членството, а единственото решение во оваа тешка ситуација во која се наоѓаат е измамата преку манипулациите со анкетите. Така, во обид да ги измамат и збунат масите, тие почнаа да веруваат во лагите што самите ги измислија.
Неодамна имаше масовни пристапувања од сите други партии во најголемата албанска коалиција ВЛЕН. И сето тоа затоа што сите разбраа дека единствената политичка опција во албанскиот табор е ВЛЕН.
Албанците сега имаат широка и силна база, коалицијата ВЛЕН ги одразува вистинските вредности и посветеноста на промените, надвор од празните ветувања и пропаганда што ја придружуваше ДУИ нон грата долги години.
Важно е граѓаните да бидат свесни за да ги читаат и разбираат ваквите обиди за манипулација и да знаат дека нема да дозволат нивните мислења да бидат под влијание на иманипулирани анкети.
Наместо тоа, нашите граѓани се занимаваат со анализирање на фактите и конкретните постапки на секоја политичка опција, особено кон ДУИ, која беше загниена на власт.
Дојде време Албанците да бараат одговорност, транспарентност и вистинско претставување во политиката. Промената започна со коалицијата ВЛЕН, која докажува дека сме вистинска алтернатива за градење подобра иднина за Албанците и доведување на политиката на вистинското место, алатка за исполнување на колективните интереси.
Ги повикуваме сите граѓани да размислуваат за иднината што ја посакуваат и да ги поддржат вредностите кои претставуваат единство, транспарентност и развој!“, соопшти ВЛЕН.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

