Македонија
ЦУК: Активни пет пожари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека до 19:30 часот низ државава имало вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, под контрола се ставени два пожари, а 11 се изгаснати.
Активни се пет пожари – во Општина Чашка на Планина Мукос кај селото Степанци (под контрола), активен е кај с.Оморани и м.в.Кадиица – с.Ораов Дол каде гори мешана шума, во Општина Прилеп кај селата Пештани – Кокре – Кален – Дуње – Бонче – Крушевица – Волково каде гори нискостеблеста вегетација, во Општина Чучер-Сандево кај с.Танушевци, м.в.Рамно гори мешана шума, во Општина Долнени кај с.Десово, во Општина Македонски Брод кај с.Грешница гори нискостеблеста мешана шума.
Под контрола се ставени 11 пожари – во Општина Штип кај с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак каде горела нискостеблеста шума, смреки и сува трева, во Општина Демир Хисар кај с.Вардино каде биле исечени дрва за огрев.
Од ЦУК информираат дека изгаснати се вкупно 11 пожари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Платите во јули пораснале за над 10,5% споредбено со јули 2024, а државниот и јавниот долг се намалени за првпат по долго време, кажа Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со информацијата за движењето на платите.
„Никогаш не можете да бидете задоволен од висината на приходите, односно на платата, и секогаш, како Влада, треба да работиме повеќе за да обезбедиме дополнителни средства или да обезбедиме таква средина за бизнисот да се развива, за да можат работниците да добијат повисока плата“, кажа премиерот.
Според него, токму со ваквите податоци од статистика, се распрснуваат тезите на опозициската партија СДСМ дека платата не растела и дополни дека вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година.
„Но, она коешто е важно е дека сите оние тези на СДСМ, дека платата не растела, дека долгот се зголемувал, дека сме ги задолжиле неродените генерации со седум милијарди итн, полека но сигурно, како меур од сапуница, се распрснуваат. Имено, вчера Државниот завод за статистика објави податок дека и бруто и нето платата во јули е за повеќе од 10,5% поголема од јули 2024 година, којшто, впрочем, беше и прв месец од оваа Влада. Така што тезата на СДСМ дека платите не само што не растеле, туку и се намалувале, не држи вода“, истакна Мицкоски.
Тој нагласи дека на крајот од вториот квартал заклучно со месец јули 2025 година, за прв пат после многу време и државниот и јавниот долг се намалени, едниот за 4%, другиот за 2,7%.
„Исто така, СДСМ има уште една теза, повторно лажна, а тоа е дека сме ги задолжиле неродените генерации. Министерството за финансии излезе со јасен дијаграмски приказ колкав е процентот на државниот и јавниот долг од бруто-домашниот производ, и многу лесно можете да забележите дека на крајот од вториот квартал, заклучно со месец јуни 2025, за првпат после многу долго време, и државниот и јавниот долг се намалени едниот за 4%, другиот за 2,7%.
Мицкоски им препорача на опозицијата, да бидат конструктивни, да научат од грешките во минатото и да не ги повторуваат.
Македонија
За несобраното ѓубре во Скопје ќе има одговорност и ќе има име и презиме, работиме внимателно и не правиме естрада, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, денес, уште еднаш им се извини на скопјани за тоа што пред четири години ја поддржал Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на новата спортска сала во училиштето „Димитар Поп Беровски“, тој рече дека чувствува одговорност што ја поддржал Арсовска и најави дека за сегашната состојба поради која градот е затрупан со ѓубре, ќе има одговорност и дека на тоа веќе работат.
„Работиме внимателно. Ние не правиме естрада од ништо, водиме политика, која е многу внимателна. Процесите што ги водите имаат одговорност и на крајот тој процес мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, одговори премиерот Мицкоски на прашањето дали МВР влегло во ЈП „Комунална хигиена“, каде што очигледно нешто ги сопира камионите да излезат и да го соберат ѓубрето.
Премиерот го искористи новинарското прашање за несобраното ѓубре и им направи реклама на кандидатите за градоначалници на Скопје и на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ. Двапати повтори дека Орце Ѓорѓиевски ќе победи во првиот круг и веднаш по победата, во првите 72 часа, ќе направи генералка во Скопје, а тоа ќе го направи и Александар Стојковски за кого рече дека ќе биде избран за градоначалник во Ѓорче Петров. Генералка од сметот што ќе го остават градоначалниците што ќе си заминат премиерот најави во сите општини во кои ВМРО-ДПМНЕ има свои кандидати.
Македонија
(Видео) Дали Росица му праќала пораки на Тошковски да моли за помош, прашува Кузеска

Убиството на Росица не смее да биде заборавено. Убиството бара одговори, бара одговорност и будност и голема сериозност на институциите, а не префрлање на вина еден на друг, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.
“Очајно ми треба помош” – напишала младата Росица пред насилникот да и го одземе животот.
Во јавноста се појавија пораки од Росица наводно испратени до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во кои таа зборува за нејзиниот страв и очајно бара помош. Кузеска го праша министерот за внатрешни работи дали пораките стигнале до него.
“Сѐ надевам дека пишувам на право место и дека конечно некој во оваа држава ќе отвори уши и очи за мојата безизлезна ситуација. Човекот кој од декември наваму, ме демне, ме тепа, ми нанесува друг вид на насилство, силува, прогонува и последно пред 5 дена ми ја запали колата е сеуште на слобода”, пишува во пораката која наводно е испратена до министерот Тошковски.
Дали оваа порака Почитуван министре стигнала до вас пред 5 месеци ? Ако стигнала, што сте направиле“.
Како што вели прашува, бидејќи наводно во таа порака на Росица е објаснета нејзината целосна голгота низ институциите, името на обвинителот, но и тоа дека на човекот кој ја уби Росица и покрај сите терори кои ги трпела и ги пријавила уредно, стои дека пасошот му е вратен од страна на МВР.
„Вратен му е пасошот од МВР и во моментов слетува во Берлин” напишала Росица.
Ако е така, вели Кузеска, тогаш граѓаните со сигурност може да заклучат дека се оставени сами на себе кога се работи и за нивниот живот и дека залудно пријавуваат насилство, закани, демнење.
„Смртта на Росица е трагична. И ниту еден коментар од послушниците на власта не можат да ја намалат сериозноста на непостапувањето на институциите да го спасат животот на оваа млада жена“.