Македонија
ЦУК: Активни пожарите во пехчевско и делчевско, aлармантна ситуацијата околу с. Будинарци и с. Мачево
Центарот за управување со кризи информираше за состојбата со пожарите до 9 часот. Според информации од Центарот во штипскиот регион пожарот кој започна на 02.08.2021 година во атарот на с.Нов Истевник маало Пасјак е ставен под контрола и е во дијаметар од 15 километри, до овој момент опожарена е површина од 1100 ( илјадо и сто) хектари со борова шума и нискостеблести растенија на планината Средна во атарот на селото Нов истевник с.Нов Истевник. Податоците се однесуваат на зафатената површина од пожарот на територијата што е на Општина Делчево.
Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04,00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 60 припадници на АРСМ, 25 вработени во Шумско стопанство „Голак“ од Делчево, со 4 теренски возила, ТППЕ – Делчево со 12 пожарникари и 2 ПП возила цистерни и едно теренско возило лада нива, 5 припадници на Гранична полиција со 4 теренско возило дефендери, 10 припадници на ОВР – Делчево со 3 теренско возило , ЈПКД Брегалница со 5 вработени, 2 ровокопачи и едно теренско возило со 1 тон вода и 1 џип.Во гаснењето на пожарот се ангажирани 2 хеликоптери на АРСМ и РЦУК – Делчево со 2 вработен ТППЕ од Македонска Каменица со 4 пожарникари со едно теренско возило, МВР од единица Тигри со 24 вработени, МВР – ЕБР со 22 вработени и ТППЕ од Р.Бугарија со 6 пожарникари и 1 ПП возило цистерна Пожарот е сеуште активен. Екипите што се на терен и учествуваат во гаснењето на пожарот се распоредени на повеке критични места со цел пожарот да се стави под контрола Во овој момент најлосо е на место викано Света вода помегу селата Тработивиште и Разловци. Волантери од Црвениот крст Делчево се на терен и доставуваат вода за пиење на ангажираните во гаснењето на пожарот. Во гаснењето на пожарот учествуваат и жители од месното население. До овој момент пожарот што е на подрачјето на општина Делчево е заобиколен и ставен под контрола. Заради контрола преку ноќта на терен ќе останат екипа од ТППЕ Делчево со 1 ПП возило и 4 пожарникари и екипа од МВР Скопје.
Пожарот кој започна на 02.08.2021 година на м.в.Бeјаз Тепе е сеуште активен во селата Робово,Мачево, Будинарци . На терен се100 припадници на АРСМ, 20 Ренџери, има Помош од Бугарија со 3 ПП возила и 25 пожарникари, екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 4 возила за превоз и 30 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 2 теренски возила за превоз и 15 вработени, ТППЕ Берово со 3 ПП возила и 7 пожарникари, 1 ПП возило од Скопје, 1 ПП возило од Штип, 1 ПП возило од Струмица, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 4 вработени, РЦУК Берово 2 вработен, 80 луѓе од месното население. На терен е и екипата од Словенија, како и екипа од Австрија Зафатена е високостеблеста дабова и борова шума, нискостеблести растенија, смрека, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на висок пожар во с.Будинрци. Во попладневните часови дејствуваат три хеликоптери на АРСМ на потегот Робово, Будинарци.
Од ЦУК велат дека е алармантна ситуацијата околу с. Будинарци и с. Мачево.
Состојбата во атерот на селата: Црник, Умлена и Чифлик од попладневните часови е стабилна и на сите места има распоредено екипи за контролирање на опожарените површини.
Пожарот околу селото Црник е ставен под контрола, на терен е месното население заради контрола околу селото. Во моментот пожарот е и над село Мачево и таму има екипи распоредени. Околу село Робово се прави појас за да се се прекине пожарот.
Во велешкиот регион пожарот кој што започна вчера во Богословец сеуште не е изгаснат и е активен во атарот на с. Кадрифаково.
Во гасењето на пожарот учествуваат 11 припадници на ТППЕ Свети Николе со 3 ПП возила, ДПД Свети Николе со 6 луѓе и 2 ПП возило, ШС Свети Николе – 15 луѓе, ЈКП Комуналец – 20 луѓе. Со пожарот е зафатена површина од околу 150 хектари со нискостеблеста дабова шума и смрека, борова шума и сува трева, а изгорени се и 4 куќи во селото Богословец и 1 трактор.
Пожар во с.Џидимирци. Известени се во Шумско стопанство Бабуна и истите ќе пратат екипи на терен.Подетални информации ќе има по пристигнувањето на екипата на лице место.
Во струмички регион пожарот од 01.08.21 во месноста Погана кој започна околу 12,30 часот и зафати површина од околу 1350 ха, се уште е активен, посебно во делот непосредно пред ветерниците кај Богданци. На терен беа ангажирани следните сили:2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 11 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило. На теренот присутните сили заедно со силите од Гевгелија направија појас на најкритичниот дел со должина од 300 метри и ширина од окулу 5-6 метри и на овој дел се чека пожарот за активно да се дејствува за да не префрли према Богданци.
Пожарот кај с.Дамјан е активен но нема опасност засега кон с.Дамјан. Од ветерот се движи кон селата Дедино и Ињево. На координативно тело е договорено во наутро во 05. 00 ч. да се излезе и да се види какви мерки да се превземаат. Во моментот таму се наогаат екипи на : ТППЕ-Радовиш, со 3 пп возила, и 12 пожарникари, екипа од ТППЕ-Струмица со 1 пп Возило и 5 пожарникари како и екипа од ПШС-Плачковица-Радовиш со 15 луге локално население во гасење напожарот ке се вклучат со човечки ресурси и цистернаи од БОРОВ ДОЛ -Бучим.
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на с.Ракле – с.Никодин – с.Топлица од 02.08.2021 во 13.10ч. е активен со јак интензитет. Од с.Ракле евакуирани се 2 неподвижни стари лица и префрлени во својот дом во Прилеп. Интервенцијата ја спроведе екипа од МВР ПС Прилеп со возило на ПС Прилеп. Во с.Ракле останати се уште 5 лица. ТППЕ Прилеп има ангажирано 2 ПП возила и 9 пожарникари.
Пожар на потегот с.Дрен – с.Смолани (општина Прилеп) во кој гори сува трева, смрека, чолија и лисната постелка е со јак интензитет. На истиот локалитет има и еден приземен пожар на м.в.Мањов Дол, каде гори нискостеблеста дабова шума. На барање на Градоначалникот на ЕЛС Прилеп, упатено до ДЗС Прилеп, за помош на лица за гасење на пожарите ,договорено е дека денес од ДЗС Битола и ДЗС Прилеп ќе има екипа од 12 лица со алат за гасење на пожарите.
Градоначалникот на ЕЛС Прилеп има доставено барање за воздушна подршка од хеликоптери и 20 војници од редовите на АРСМ за помош во гасење на пожарот на потегот с.Дрен – с.Смолани.
Пожарот над с.Пожаране-Гостивар повторно се активирал. Екипите на Македонски Шуми повторно се на лице место со едно возило и 4 вработени. Состојбата се следи.
Во скопскиот регион пожарот кај селата Раовиќ – Буковиќ – Ласкарци (опш.Сарај) е под контрола, т.е. гори само високото на сртот према НП Јасен, каде веќе има екипи од НП Јасен кои доколку има потреба ќе интервенираат. Нема опасност по с.Раовиќ и по останатните населени места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.
Македонија
Нова опрема за анализа на тешки метали во почвата во Државната лабораторија за животна средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска ја посети Централната лабораторија при Министерството, каде најави системско и координирано решавање на сите институционални предизвици.
Тој нагласи дека модерна и функционална Централна лабораторија претставува темел на ефикасната заштита на животната средина и гаранција за точни и навремени податоци во интерес на јавното здравје. Целта е да се обезбедат стабилни услови за работа и долгорочно унапредување на капацитетите.
Во рамки на посетата беше нагласено дека Лабораторијата успешно ја обнови акредитацијата за наредните четири години за вкупно 20 методи, од кои една за мерење на амбиентална бучава и 19 за индустриски отпадни води и за површински води. Она што следува е забрзување на процесот на акредитација на методите за мерење на загадувањето на воздухот од стационарни извори.
Дополнително,во рамки на посетата беше презентиран новиот ICP-MS инструмент, кој овозможува анализа на тешки метали во почва, вода и воздух и со кој значително ќе се унапредат аналитичките капацитети на Државната лабораторија за животна средина.
Македонија
Уставниот суд: Нема постапка за пензиите, запрена за Кривичниот законик
По 5. седница на Уставниот суд, претседателот Дарко Костадиновски и судијата проф. Осман Кадриу информираа за одлуките по предмети од поголем јавен интерес.
Судот не поведе постапка за оценување на одредби од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се однесуваат на исплата на пензиите во земјата.
Подносители на иницијативите се Игорчо Точев, Љубомир Сандевски, Темелко Ристески и Кире Батев.
Претседателот Костадиновски изјави дека мнозинството судии оценило оти пензионерите кои ја примаат пензијата во државата и оние што ја примаат надвор од неа се во иста правна, но не и во иста фактичка состојба. Според него, за повреда на членот 9 од Уставот, кој се однесува на еднаквоста, потребно е субјектите да бидат во иста правна и фактичка положба, што во овој случај не е исполнето.
Тој посочи дека мерката има социјален карактер и легитимна цел – ублажување на последиците од растот на трошоците и инфлацијата. Додаде дека по истекот на времените услови утврдени со мерката, се враќа редовното законско усогласување на пензиите, кое важи и за лицата што не живеат во земјата.
Судијата-известител Осман Кадриу изјави дека предложил да се поведе постапка, но не добил мнозинство гласови. Тој оцени дека со оспорените одредби се врши дискриминација врз пензионерите кои живеат надвор од државата и дека им се ускратуваат правата на зголемување и усогласување на пензиите.
Во однос на предметите У.бр.162/2023 и У.бр.163/2023, кои се однесуваат на измените на Кривичниот законик, Судот ја запре постапката, оценувајќи дали Законодавецот постапил согласно насоките од претходното решение со кое беше поведена постапка.
Мнозинството судии констатирале оти во формален аспект Законот е донесен согласно процедурите. Во однос на материјалната уставност, дел од судиите сметале дека новото решение не е идеално, но е подобро од претходното.
Тој нагласи дека евентуално поведување нова постапка и укинување на законот би создало правен вакуум и правна празнина во санкционирањето на злоупотребите на јавни средства, поради што мнозинството одлучило да ја запре постапката, водејќи се од принципите на правна сигурност и предвидливост.
Судијата Кадриу изјави дека гласал против запирањето на постапката, наведувајќи дека, иако Законодавецот ја испочитувал формалната процедура, не постапил целосно по одлуката на Уставниот суд во материјалниот дел.

