Македонија
ЦУК: Активни шест пожари, три се под контрола
Во текот на денешниот ден недела, 01.09.2024 година, до 14:00 часот, има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола се 3 и изгаснати се 3.
АКТИВНИ: 6
1. Општина Чашка 1: Планина Мукос – с.Степанци, с.Оморани, Ораов Дол, м.в.Кадиица (мешана шума);
2. Општина Чашка 2: с.Долно Јаболчиште према планински масив Лисец (ниска вегетација);
3. Општина Долнени: Планина Мукос, с.Десово – с.Дреновци (мешана нискостеблеста шума и сува трева);
4. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален (нискостеблеста вегетација);
5. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
6. Општина Студеничани: с.Студеничани – с.Моране (сува трева).
ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Лозово: с.Дурфулија (борова шума);
2. Општина Битола: с.Острец (букова шума и папрат);
3. Општина Гостивар: с.Србиново кон с.Железна рака (мешана шума).
ИЗГАСНАТИ: 3
1. Општина Виница: с.Јакимово (грмушки и сува трева);
2. Општина Желино: с.Мерово (сув трева);
3. Општина Тетово: Скопје – Тетово, во близина на подвожњак (сува трева).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.
Македонија
Сали во Брисел: Билатералните прашања не смеат да го кочат европскиот пат на земјата
Во рамките на официјалната посета на Брисел, Првиот заменик-претседател и министер за европски прашања, Беким Сали, оствари средба со европратеникот Матеј Тонин (EPP) во Европскиот парламент.
За време на средбата се дискутираше за напредокот на Северна Македонија во процесот на евроинтеграции и за спроведувањето на клучните реформи, вклучувајќи го владеењето на правото, јавната администрација и правата на заедниците. Истакната е важноста билатералните прашања да не го попречуваат напредокот на земјата кон ЕУ.
Исто така, беше оценет постигнатиот напредок во Планот за раст и дигитализацијата на услугите, вклучително и проектот WiFi4WB и приклучувањето во SEPA, како и соработката со Претседателството на Кипар и европските партнери за решавање на предизвиците со транспортерите по воведувањето на Системот Entry/Exit.
Првиот заменик-претседател Сали повторно ја потврди посветеноста на Северна Македонија кон европскиот пат и подготвеноста за натамошно унапредување на секоја реформа со европските партнери.

