Македонија
ЦУК: Воздухот во Тетово е значително загаден, задолжително да се носат маски на отворено
Поради големиот пожар, кој избувна претпладнево во фабриката на влезот во Тетово, квалитетот на воздухот е значително влошен, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од таму потсетуваат и дека Општина Тетово и СВР Тетово упатиле апел до граѓаните да не излегуваат без потреба од своите домови.
„Најпогодени се оние со белодробни васкулари и срцеви заболувања, кои денеска треба да останат дома и да ги следат известувањата за квалитетот на воздухот. Оние граѓани што имаат потреба да бидат надвор задолжително да носат заштитни маски, по можност H95“, се наведва во соопштението во кое се наведува во домовите да се чуваат затворени прозорците и вратите.
Од ЦУК информираат дека во 12 часот на местото на настанот пристигнала армијата со еден „хамер“ и 13 војници, а на терен исто така се и 80 војници од касарната во Тетово со опрема и машини за гаснење на пожарот.
На самото место е и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„На пожарот се интервенира и од воздух со хеликоптер на МВР, а од страна на ‘ТАВ Maкедонија’ пуштена е цистерна со пена. Интервенираат и пожарникари од Тетово, Гостивар, Кичево и од Скопје, како и екипи со ПП-возила за хемиско гаснење од ‘ТАВ Македонија’ и лица од ДЗС – Тетово и ДЗС – Гостивар“, стои во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

