Македонија
ЦУК за пожарот во прилепската фабрика: се гасне повеќе од шест часа
Во општина Прилеп започнат е пожар на објект во поранешната фабрика за чевли ,,Борка Левата“ на сегашна конфекција ,,Тила“ и нема опасност од негово ширење, информираат од ЦУК.
„Запален е кровот на објектот кој е од метален лим и заради тоа е отежнато гасењето на пожарот. Според последната информација во 20:00 часот пожарот е сеуште активен. На терен интервенираат 10-12 пожарникари со 5 ПП возила, а од 14:20 часот во гаснењето на пожарот освен ТППЕ Прилеп интервенираат и 4 пожарникари со 1 ПП возило и 1 теренско возило од ТППЕ Битола“, додаваат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Изјавувам дека имам бугарскa самосвест и бугарско потекло“: министерката Божиновска пред 20 години ја потпишала изјавата, објавија бугарските медиуми
Пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот, Христијан Мицкоски, го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и корени, пишуваат бугарските медиуми.
„Изјавувам дека имам бугарска самосвест и бугарско потекло. Ова во 2004 година го напишала актуелната македонска министерка за енергетика и бугарска државјанка Сања Божиновска“, пренесе Бгнес.
На 18 октомври годинава, како што анализира медиумот, Божиновска свечено соопштила дека „ниту еден граѓанин на Северна Македонија кој се стекнал со бугарско државјанство не се чувствува како Бугарин“. Таа, потсетува Бгнес тврди дека поднела барање за бугарско државјанство, како и десетици илјади други Македонци, исклучиво од „економски причини“. Божиновска ја нарече постапката „измама со документи воведена од бугарската држава“, потсетува медиумот.
Во октомври 2004 година, пак, во изјавата кога аплицираше за бугарско државјанство, Божиновска изјави дека нејзината мајка и татко – Перо и Виолета – биле Бугари, се додава во написот на Бгнес.
„Така, пред две децении, еден од најблиските министри до премиерот Христијан Мицкоски го покажа своето убедување дека има бугарски идентитет и корени. Во декларацијата на Божиновска не се наведени „економски причини“ или „работа во странство“ како причина што таа ја тврди. Вакви основи за државјанство не постојат според бугарското законодавство. Згора на тоа, во 2004 година, Бугарија сè уште не беше членка на Европската унија. Сања Божиновска добро знаела за постапката, бидејќи покрај мајка и и татко и, нејзиниот брат Даниел е бугарски државјанин.
Како и премиерот Мицковски и вицепремиерот Александар Николовски, Божиновска е една од личностите кои тврдат дека во Северна Македонија има „неколку стотици Бугари“. Таа во својата објава вели: „Всушност, ова го видовме на македонскиот попис (2021) со изброен исклучително симболичен број Бугари (3.504)“. Во исто време, податоците во Бугарија покажуваат дека околу 200 илјади граѓани на Северна Македонија имаат бугарско државјанство, стекнато врз основа на нивното бугарско потекло. Тоа значи дека денес секој петти етнички Македонец има бугарско државјанство и има право на бугарски пасош.
Божиновска е кривично одговорна според бугарското законодавство доколку приложила лажни податоци во декларацијата што ја потпишала“, се нагласува во напишаното од страна на бугарскиот медиум.
Македонија
Пожарникарите од Куманово извлекуваа деца заглавени во лифт
Тројца кумановски пожарникари, вчера, во периодот од 18.30 до 19.40 часот имале техничка интервенција за извлекување заглавени деца во лифт на улицата „Доктор Рибар“ во Куманово.
Децата биле успешно извлечени, извести Центарот за управување со кризи.
Македонија
ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот
Демократската унија за интеграција смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт.
„Две години по ред, ВМРО и Влен се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат.
Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година.
Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот“, се истакнува во соопштениетот на оваа партија.
Повеќе годишниот политички лов на вештерки, како што оценуваат, пропадна и вистината излезе на виделина.