Македонија
ЦУК: Зголемен прелив на брана Глобочица
Од АД ЕЛЕМ Скопје, подружница ХЕС „Црн Дрим“ – Струга известуваат за зголемен прелив на брана Глобочица. Согласно временската прогноза за вечерва и утре, каде се очекуваат врнежи на дожд во количиуна од 20 л/м2, особено интензивни во раните утрински часови, истите ќе бидат проследени со силен јужен ветар со брзина од 80 км/ч.
„Ова ќе предизвика нагло зголемување на дотекот на вода во сливното подрачје на реката Црн Дрим, особено на профилот на браната „Глобочица“, каде во услови на истек од Охридското Езеро од 52 м3/сек и истек низ ХЕЦ „Глобочица“ од 52 м3/сек се очекува прелив на вода низ преливната шахта од 150-200 м3/сек. Прелиената количина на вода ќе предизвика зголемување на нивото на р.Црн Дрим низводно од браната Глобочица.
Најголемите протеци на вода добиени спрема анализите правени согласно со метеоролошката прогноза од 30.03.2018 година се очекува да биде околу 06:00 часот изутрина на 01.04.2018 година, а ќе трае до попладневните часови, истиот ден кога се очекува стабилизрање на истеците на вода“ се вели во соопштението на АД ЕЛЕМ.
По одржаната седница на Регионалниот штаб за управување со кризи-Охрид, во врска со најавениот засилен ветар и врнежи во охридската котлина, донесени се заклучоци за преземање на соодветни мерки за превенција.
Се врши максимален испуст на вода од Охридското езеро во реката Црн Дрим, а извршено е и пренасочување на река Сатеска директно кон река Црн Дрим.
Од компанијата велат дека за состојбата ги известиле угостителските објекти кои се лоцирани близу крајбрежјето на Охрид и Струга, а ќе се вршат и засилени контроли на патниот правец Струга-Дебар во с.Луково, поради, како то велат, зголемениот истек на вода од испустот на браната Глобочица.
Состојбата будно се следи од страна на сите субјекти на СУК, кои ќе преземаат соодветни мерки за санирање на евентуални настанати ризици и опасности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) „Молкот на власта за скандалот со 5 тони дрога е потврда дека се штитат виновните“, вели Огњеновиќ
„Втор ден по ред власта молчи за картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија. Молкот е потврда дека власта се обидува да го заташка скандалот и да ги заштити виновниците. Како тоа поминале 5 тони дрога преку македонската граница а нема одговорност од никој“, прашува Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ.
„Нели има „сејф сити“ камери, скенери и контроли на граничните премини. И никој ништо не видел, не чул, додека дрога од 5 тони така лесно се пренела?
Без поддршка, заштита и логистика од структури во власта, во МВР, во Царина, криминал од вакви размери не е можен.
Прашање е уште колку вакви пратки дрога редовно поминувале, колку уште тони дрога се пренесени преку македонските граници. И уште колку тони дрога се уште се шверцува.
Овој картелски скандал покажува до каде одат пипците на криминалот и корупцијата на власта.
СДСМ со денови алармира за директна поврзаност на криминални структури во Македонија и Србија, а овој случај е уште една потврда за тоа. Секојдневието на македонските граѓани е како во мафијашки филм.
Криминални тендери, шверц на 5 тони дрога, фотографии на Мицкоски со криминалци, луксузни часовници од 65.000 евра. За картелскиот скандал со 5 тони дрога мора да има одговорност. Обвинителството мора конечно да се разбуди и да отвори истрага.
Кој се во Македонија е вмешан во шверцот на дрога? Колку дрога е помината преку границите? Каде завршуваат огромните пари од шверцот на дрога и што се финансира со овие пари? Кој ќе одговара“, праша на прес-конференцијата, Петар Огњеновиќ, член Извршниот одбор на СДСМ.
Македонија
Иницијатива на Лајка: „Биди мојот Валентајн за еден ден” – прошетка и љубов за бездомни кучиња
Во месецот посветен на љубовта, ЈП Лајка започнува посебна иницијатива за љубителите на животни – „Биди мојот Валентајн за еден ден”. Со оваа акција, јавноста има можност да подари љубов и внимание на бездомни кучиња кои со месеци, а некои и со години, не излегле надвор од ѕидовите на прифатилиштето, известуваат од Лајка.

„Иницијативата им овозможува на граѓаните да изберат куче и да поминат еден цел ден со него надвор од прифатилиштето – на прошетка, во парк, на кафе, или дури и во локален пет-шоп. Целта е да им се овозможи на кучињата социјализација, збогатување на денот и да се покаже колку љубов може да направи разлика, дури и за само еден ден.
Со оваа иницијатива сакаме да ја покажеме убавината на социјализацијата и да создадеме емотивни врски помеѓу луѓето и нашите кучиња. Секое куче заслужува своја мала радост и да почувствува љубов.

Сите заинтересирани можат да се пријават на нашите телефонски броеви или преку нашите социјални мрежи.
Иницијативата е отворена за сите над 18 години, а учесниците ќе добијат инструкции за безбедно дружење со кучињата“, соопштуваат од Лајка.
Македонија
СДСМ бара украденото да се врати кај народот
Опозициската СДСМ обвини дека власта спроведува, како што наведуваат, грабеж преку криминални тендери, во време кога во државниот буџет недостасуваат две милијарди евра.
Од партијата посочуваат дека 161 тендер биле доделени на една фирма, 51 тендер на, како што велат, омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ преку општините, девет милиони евра на фирма со двајца вработени, како и 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта на Северна Македонија.
Според СДСМ, станува збор за милионски суми и голем број тендери кои, како што тврдат, завршуваат кај исти фирми.
„Украденото мора да се врати кај народот“, наведуваат од партијата, додавајќи дека за тоа да се случи мора да има одговорност за криминалните тендери.
Од СДСМ сметаат дека одговорноста треба да започне од, како што ја нарекуваат, тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ и дека нема борба против криминалот и корупцијата без одговорност на врвот на власта.
Во соопштението се наведува дека наместо празни зборови за промоција, премиерот Христијан Мицкоски треба да ги повика обвинителите и судиите кои ги поставува и постапките да започнат од 161 тендер, потоа од 51 тендер и од тендерот во Поштата.

