Македонија
ЦУК издаде предупредување по дождовите, две реки пред излевање
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/352866111_1001356417893984_7164431346444070235_n.jpg)
Според податоците од УХМР, на хидролошката станица на Крива Река во Крива Паланка е забележан висок водостој.
Од Центарот за управување со кризи предупредуваат за можност од излевање во сливот на Крива Река заедно со нејзините помали притоки пред влив во Пчиња.
„Излевањето може да зафати делови од атарите на населените места, како што се Конопница, Псача, Опила и подолу Клечовце и Стрезовци пред вливот во Пчиња“, велат од ЦУК.
Претходно од силниот пороен дожд надојдена беше реката Латковица кај с. Огут во Крива Паланка. Од надојдената вода кај пропустите на патот прекинат беше сообраќајот на регионалниот патен правец с.Огут кон с. Нерав. Регионалниот пат води кон граница со Република Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/vmro-275267-313588.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат одговорност на дело кон највозрасната категорија на граѓани. Во првата недела од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари на сите пензионери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари, односно најниската пензија од септември ќе биде 15.600 денари, додека пак просечната пензија ќе ја надмине минималната плата во државата. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат веќе во септември, а другото покачување од истиот износ ќе го добијат во март следната година. Животниот стандард и квалитетен живот на пензионерите и сите граѓани се приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вети, ВМРО-ДПМНЕ реализира. Пензионерите заслужуваат мирен и достоинствен живот“, велат од партијата.
Македонија
Тошковски ќе го унапредува Центарот за обука во модерен центар за полициска обука
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Toshovski.jpg)
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вчера заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и дел од раководството на МВР го посетија Центарот за обука на МВР. Тошковски, како што информираат од неговиот кабинет, потенцирал дека континуираната обука на вработените во МВР ќе донесе поголема безбедност за граѓаните.
Информираше дека во моментот се реконструираат дел од објектите на Центарот кои се во сопственост на Министерството за внатрешни работи, а во кои престојуваат и следат настава кандидатите за полициски службеници.
„Наша амбиција е да го унапредиме Центарот за обука во модерен центар за полициска обука, кој ќе прерасне во регионален центар за обука на кадри од областа на безбедноста. Во минатото не бил ставен доволен акцент на континуираноста на обуките и на тој дел посветено ќе се работи“, посочил Тошковски за време на посетата.
Тој нагласил дека ќе изградат систем на континуирана обука на полициските службеници и вработените во Министерството за внатрешни работи, со што ќе се зајакне стручноста и професионализмот на целата институција која е надлежна за безбедноста, како основа за подобар квалитет на живот на сите граѓани
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/patista62.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.