Македонија
ЦУК: Има нов пожар во кумановско, овојпат кај село Лојане
Нов пожар е пријавен во Кумановско. Како што објави Центарот за управување со кризи, горат сува трева и стрништа и во атарот на селото Лојане.
Претходно Регионалниот ЦУК Куманово извести за пожари на потегот на Агино село, Брзак и Селно село.
„Регионалниот ЦУК Куманово во 17.46 часот извести дека по остварениот контакт во 15,30 часот со заменик командирот на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека екипата со две ПП возила и седум пожарникари е се уште на терен за гаснење на пожарот на потегот с. Агино Село – с. Брзак, како што беше информирано во почетокот на противпожарната акција на локација во атарот на с. Селно Село, с. Брзак и с.Романовце, Кумановско.
Истовремено е известено дека една екипа на ТППЕ Куманово интервенира од 16.15 часот на опожарена сува трева и стрниште и во атарот на с. Лојане со едно ПП возило и три пожарникари. Екипата била се уште на терен“ велат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

