Македонија
ЦУК: На некои места гаснењето оди многу тешко, за кратко време огнот повторно се разгорува
Раководителот на Секторот за операции и координација при Центарот за управување со кризи (ЦУК), Горан Стојановски, на попладневната прес-конференција како исклучително тешки ги посочи пожарите во Делчевскиот и Пехчевскиот Регион – Нов Иствник, Пасјак, Трботивиште и Разловци.
„Во моментот се дејствува со жива сила, со поддршка и помош од хеликоптерската единица на АРМ и на соседна Србија. Но, времето и условите се исклучително тешки. Јачината на ветерот е 60 километри на час и сето тоа отежнува и придонесува да не може да се ефикасно да се дејствува“, нагласи Стојановски.
Во Пехчево исклучително тешка е состојбата кај Бајаз Тепе, Црник и Мачево.
„Има некаде над 350 луѓе на тој потег, помогнати масовно од мештаните на Пехчево, но состојбите уште не се под контрола. Можно е пожарот да избега во правец на Бугарија. Со сигурност не можеме да кажеме. Правиме напори за вклучување на дополнителни хеликоптери за да можеме барем тој појас да го заштитиме, да не пројде кон Бугарија. Се прават пресеци со градежни машини, се заоруваат ниви, односно и необработливи површини, се сечат дрвјa со цел да се спречи понатамошното интензивно ширење“, потенцира Стојановски.
Сепак, тој нагласи дека условите се такви што на овие локации огнот повторно се разгорува.
„Одите 20 метри, гасите, се вртите и позади вас повторно го гледате истото жариште, така што исклучително е тешко да се гаси на таков простор“, објасни претставникот на ЦУК.
Попладнево избувна пожар во село Ласкарци, кој се гледа од автопатот Скопје – Тетово и таму многу тешко оди гасењето оти се наоѓа на непристапен терен, а ветерот постојано го менува правецот и го разгорува.
Посериозни се пожарите и во Свети Николе, Радовиш и Прилеп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

