Контакт

Македонија

ЦУК: Поплави и штети од пороен дожд и град и препорака за внимателност при нагли метео-промени

Објавено пред

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имало повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата.

dobivaj vesti na viber

Регионалниот ЦУК Куманово информира дека поради обилните поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот Регион на 21.5.2024 година, имаше зголемување на нивото на Липковска Река поради што дојде до заматување на водата за пиење. Поради тоа, во текот на вчерашниот ден, 22.5.2024 година, беше прекината дистрибуцијата на водата до граѓаните сѐ до моментот на надминување на состојбата. Од страна на ЦУК вчера рано наутро било побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје – Куманово да излезат на самото место, да направат увид, да земат мостри за анализа и да донесат соодветно решение за понатамошна постапка, а до тогаш беше препорачано, превентивно, водата од водоводот да не се пие, што веднаш утрово беше пренесено бргу и ефикасно од медиумите. Инаку, вчера, по седницата, која почна околу 12 часот, на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, беа донесени следните заклучоци и препораки:
„Главен проблем претставува заматувањето на водата во водоснабдувачкиот систем поради обилните дождови. Поради тоа, водата што се доставува во водоводната мрежа во Куманово исто така е заматена. Препораката до граѓаните е водата да се користи само како техничка или ако се користи, претходно да се зоврие. Препораката останува сѐ додека не се утврди дека таа е безбедна за пиење.
Се задолжува Општинскиот штаб за заштита и спасување да достави барање до надлежните институции (Агенцијата за храна и ветеринарство и Центарот за јавно здравје) за добивање решение за употреба на водата во водоводниот систем како техничка.

Во општина Ранковце, поради врнежите од дожд, има зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во атарот на с. Опила. Од општина Ранковце, по увидот на самото место, каде што е една нива и импровизирано игралиште се поплавени, е констатирано дека тоа е нерасчистеното корито од широкораспространетата вегетација. Мерки за расчистување Општина Ранковце ќе преземе веднаш по смирување на водата во речното корито и нејзино повлекување.
Во општина Кратово, во согласност со и добиените информации од граѓани, дел од патот кај месноста База, пред мостот кон с. Куклица, поради зголемен водостој, Крива Река е излеана и е поплавен дел од патот. Висината на водата во тој дел од патот е 30-ина см, па сообраќајот се одвива отежнато“, стои во информацијата од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 122 добиени се разни пријави поради обилните врнежи од дожд и град, и тоа:
– Во 13.41 часот пријава за поплава на дел од земјоделско земјиште како последица од излевање на Маркова Река во близина на мостот на улицата Горно Лисиче бб (општина Аеродром);
– Во 13.41 часот пријава дека одводниот канал на улицата Финска во населбата Ченто е затрупан и обраснат со дива вегетација. Како што посочува пријавителот, веќе двапати околните куќи и нивните подрумски простории биле поплавувани (општина Гази Баба);
– Во 15 часот пријава за поплавени дворови и подрумски простории на улицата Драчевска во Драчево поради запушени одводни шахти (општина Кисела Вода);
– Во 17.50 часот пријава за поплавени подрумски простории од станбена куќа на улицата Ниџе Планина бр. 19 во Драчево (општина Кисела Вода).
– во општина Чучер Сандево има пријави за неколку оштетени куќи и моторни возила во селата Блаце и Бродец како последица од поројните врнежи од дожд и град.
Сите овие пријави, Регионалниот ЦУК Скопје, по комуникациската координација за помош во првиот момент на итните случаи, ги проследи до соодветните единици за локална самоуправа – општините за понатамошна постапка.
Регионалниот ЦУК Штип известува дека во с. Уларци, општина Чешиново – Облешво, како последица од поројните врнежи дошло до преполнување на каналите за наводнување. Атмосферската вода навлегла во веќе полните канали за наводнување, кои биле спремни за сеидба на оризот. Поплавени биле повеќе дворови и објекти. Комуналното претпријатие од опшината Чешиново – Облешево работи на расчистување на тесните грла од каналите, при што на нивно барање. најверојатно, ќе добијат помош со градежна механизација од соседните општини.

Голема внимателност се препорачува при појавата на локалните, кратки, но нагли метео-промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Сите итни случаи, според ЦУК, се пријавуваат на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Македонија

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Објавено пред

Од

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на донација од Германија, на која присуствуваше и амбасадорката Петра Дрекслер, како и претставници од Канцеларијата за врски на Сојузната полиција на Германија.

dobivaj vesti na viber

Донацијата, во вкупна вредност од околу 600.000 евра реализирана во претходниот период, опфаќа моторни возила, термовизиски камери, компјутерска опрема и софтвери, специјализирани уреди за проверка на документи, како и специјални возила за воздухопловната единица.

Оваа опрема е наменета за унапредување на капацитетите на Министерството во делот на граничното управување, борбата против трговијата со луѓе и криумчарењето мигранти, криминалистичко-разузнавачката анализа и форензичките испитувања.

Министерот Тошковски истакна дека донацијата претставува симбол на довербата и силното партнерство меѓу двете земји.

„Оваа церемонија не е само формално примопредавање на опрема, туку јасна порака дека Германија стои рамо до рамо со Македонија во заедничката борба против организираниот криминал, во заштитата на нашите граници и во обезбедувањето на сигурноста на граѓаните. Поддршката што ја добиваме не се мери само во материјални средства, туку и во знаење, обуки и размена на искуства, што значи долгорочно зајакнување на капацитетите и професионализација на македонската полиција“, нагласи Тошковски.

Тој изрази благодарност до Сојузната полиција на СР Германија и до Амбасадата на Германија во Скопје за континуираната поддршка, посочувајќи дека шесте реализирани обуки за македонските полициски службеници се доказ за стратешката и долгорочна соработка меѓу двете институции.

Министерот потенцираше дека ваквата помош претставува значаен придонес во зајакнувањето на институционалните капацитети и унапредувањето на безбедноста, како и во остварувањето на заедничката визија за сигурна, стабилна и европска Македонија.

„Со обезбедувањето на техничка опрема ја продолжуваме нашата долгогодишна доверлива полициска соработка. Зајакнувањето на капацитетите на Северна Македонија во делот на граничниот надзор, во борбата против трговијата со луѓе, илегалната миграција и прекуграничниот криминал е во наш заеднички европски интерес. Заедно работиме на јакнење на Европа – денес и во иднина.“, истакна амбасадорката Дрекслер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски – Нејнски: Односите меѓу Македонија и Бугарија треба да се градат врз принципите на добрососедство и пријателство

Објавено пред

Од

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари телефонски разговор со новоименуваната министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Надежда Нејнски.

dobivaj vesti na viber

Министерот Муцунски упати искрени честитки по повод нејзиното именување и ѝ посака успех во извршувањето на функцијата.

Во рамки на разговорот, тој нагласи дека односите меѓу двете земји треба да се градат врз принципите на добрососедство, пријателство и конструктивна соработка.

Воедно, беше иницирана билатерална средба меѓу двајцата министри, која би се реализирала во наредниот период.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска да биде реална и искрена и да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Од

Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат таква позиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО. Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот атрибут и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми“, велат од партијата.

Од таму и порачаа на Ристоска барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, велат од ВМРО-ДПМНЕ, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 минути

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија13 минути

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет32 минути

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија2 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија3 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет3 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет3 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет3 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет4 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија15 часа

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...

Македонија20 часа

Донесени пресуди за случајот „Премин“, обвинителството најави жалба

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „Премин“, застапуван од Специјализираното одделение...

Македонија20 часа

Поранешен градоначалник на Росоман исплатил личен долг од 500.000 денари од општинскиот буџет

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената...

Македонија22 часа

Сиљановска – Давкова: Имаме најмало и најстаро владино авионче во регионот, секогаш имам дилема дали да летам со него

Претседателката, Гордана Сиљановска – Давкова, призна дека секогаш има дилема кога треба да се вози со владиниот авион затоа што...

Македонија1 ден

Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион, ама затоа Заев бил со семејството на одмор во Амстердам, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Семејството на премиерот Христијан Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион. Но, очигледно е дека работи фројдовскиот елемент кај СДС,...

Македонија1 ден

Кривични против претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип, си присвоиле над 300.000 денари

Полицијата поднесе кривични пријави против поранешни претседатели и вработени во Здружението на инвалиди на трудот – Штип за сторени продолжени...

Македонија1 ден

Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците, апелира АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за...

Економија1 ден

Николоски: Воведовме 23 нови линии во авиосообраќајот, имаме рекордна бројка на патници, а годинава очекувам да порасне над 4 милиони патници

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа...

Европа1 ден

(Видео) Зеленски: Десетици илјади Украинци загинаа за Донбас, не се работи за земјата, туку за луѓето

Претседателот Володимир Зеленски вчера повтори дека Украина нема да отстапи територија на Русија, ниту да се повлече од областите што...

Регион1 ден

(Видео) Дете висеше од ски-лифт на Јахорина па падна, скијачите се обидоа да го фатат

Вчера, дете падна од жичницата на планината Јахорина во Босна и Херцеговина откако некое време висеше држејќи се за седиштето....

Свет1 ден

Утре прв состанок на Одборот за мир на Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе претседава со првиот состанок на Одборот за мир, во сенка на нерешени прашања за...