Македонија
ЦУК: Спасување повреден планинар на Шар Планина, евидентирани најмалку 19 зимски пожари на отворено
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1.780 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 47,30%, а 52,70% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 50,53%, кон Итната медицинска помош 38,52%, кон пожарникарите 4,95%, а кон АМСМ 0,35% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 5,65 % со другите 50,23% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 954 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.
Во ЦУК по добиен повик, околу 14.00 вчера на Единствениот повикувачки број за итни случаи на 112, за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан, во 14.30 бил пронајден и земен од спасувачкиот тим, а во 15.00 часот се јавил лично во Регионалниот ЦУК Тетово за да изрази благодарност за брзината и ефикасноста на спасувањето.

ЦУК, заедно со другите инволвирани институции во спасувањето (Полицијата од Тетово и од Шапка, „Ескимо Фрирајд“, Националниот парк, Итната медицинска помош, ДЗС, планинари и други) биле во постојана координација и комуникација за да се изнајде оптимално и брзо решение за спасување на повредениот. Така и се добила информацијата дека „ратрак“ бил нешто подолу во туристичка прошетка во тој предел на планината, со што било остварено спасувањето толку брзо. Тимот на „Ескимо Фрирајд“, инаку составен од пасионирани планинари обучени и за пружање прва помош и барање и спасување во планина, иако во моментот превезувал – шетал туристи, несебично веднаш тргнал нагоре кон повредениот, којшто почнал веќе неговиот другар да го спушта пополека колку можело надолу поблизу за помагање, свесен дека како што ќе одминува денот, така се постудено ќе станува и се полизгаво.
ЦУК информира дека во последното деноноќие имало најмалку 19 евидентирани „зимски“ пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Биле ангажирани пожарникарите во одредени региони за гаснење и по пет пожари на отворено. Биле ангажирани пожарникари и тимови од: Скопје (5 пожари), Прилеп, Крушево, Струмица (4 пожари), Радовиш (2 пожара), Гевгелија, Охрид, Кичево, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, Неготино (2 пожара), Виница, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане (5 пожари), Ранковце и од Национален Парк „Шар Планина“.
Инаку, Последниот пожар на отворено вчера бил во 20:15 часот помеѓу селата Урвич и Ново село, Општина Боговиње на околу 400 метри над патот. Горела смрека, сува трева и ниски растенија на карпест предел и нема опасност од проширување кон висока квалитетна шума, според одговорните лица на Национален Парк „Шар Планина“, коишто биле на местото на пожарот и самите за релативно кратко време успеале да го локализираат пожарот. Во 21:40 часот, а била зафатена површина од 2 до 3 хектари со смрека, гранки, ниска вегетација во карпест предел, при што немало опасност да се зафати со оган квалитетна шума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ прашува кој дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони
„Кој во власта дозволил да се одгледува марихуана на површина од 40 фудбалски стадиони, нелегално? Поминаа 15 дена и сè уште нема одговор за најголемиот нарко-скандал во регионот – како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара“, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека, како што наведуваат, „сите молчат“ и ги прозиваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и функционерите Александар Николовски, Јохан Тарчуловски и Бојан Томовски.
Според СДСМ, соочени со, како што тврдат, сопствената одговорност, претставниците на власта започнале медиумска кампања и лицитирале со наводно запленети 100 тони марихуана, за која велат дека била нелегално произведена.
„Но, така заглавија уште подлабоко. Ако некој успеал нелегално да произведе 100 тони марихуана, тоа е уште една потврда дека вината е целосно кај Владата и институциите кои тоа го дозволиле, не го контролирале и не го спречиле“, наведуваат од партијата.
Оттаму додаваат дека за производство на 100 тони марихуана е потребна површина од над 30 хектари, што, според нив, е еднакво на повеќе од 40 фудбалски стадиони, и прашуваат кој дозволил толкава површина да се одгледува во државата и зошто не била направена ниту една теренска контрола.
СДСМ прашува и како безбедносните служби не забележале толкава количина дрога да се транспортира, складира и пакува, како и што правеле АНБ и АР. Во соопштението се поставува и прашањето како 5 тони дрога поминале преку граница, покрај системот „Сејф сити“, скенери, контроли, полиција и царина.
„Нема одговор на овие прашања затоа што одговорноста за нарко-скандалот е во врвот на власта. СДСМ нема да дозволи овој нарко-скандал да се заташка. Нема бегање од одговорноста. Сите ќе одговарате“, се наведува во соопштението.
Македонија
Средношколките во Охрид ќе се едуцираат како да се заштитат од сајбер напади
Камп за сајбер безбедност за средношколки се одржува во Охрид, како дел од проектот CybHER – Зајакнување на жените и девојките во сајбер безбедноста, кој го спроведува Британскиот совет во државите од Западен Балкан, со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.
Пред учесниците на кампот денеска ќе се обрати државниот секретар во Министерството за образование и наука Елена Ивановска.
Македонија
УЈП потсетува за пресметка до 31 март 2026
УЈП потсетува дека крајниот рок за поднесување електронска пресметка за доход остварен во странство во 2025 година е 31 март 2026. Обврската се однесува на сите физички лица што примиле плата или друг вид доход од странство и важи без разлика дали данокот во странската држава е платен или не, а пресметката се поднесува преку системот е-Даночни услуги.
Клучната порака на Управата е практична: со пресметката мора да се достават и докази што ја потврдуваат висината, видот и периодот на доходот, како и евентуално платениот данок во странство. Тоа, во пракса, значи дека даночниот обврзник треба да може документарно да го „затвори кругот“ – од исплатата до даночниот третман. Дополнително, за примената на договорите за избегнување двојно оданочување, УЈП упатува дека постојат насоки и процедури што ја дефинираат документацијата и начинот на пресметка.
Зад административната формулација стои појасна порака: контролата не е „локална“ работа. УЈП наведува дека во 2025 година, во рамки на меѓународната соработка, поднела 203 барања до странски даночни органи за проверка на документација за граѓани што преку американски компании работеле во Авганистан и Ирак. Тоа е сигнал дека механизмите за размена на информации се активни и дека „ќе помине незабележано“ е сè послаб план.

