Македонија
Честитка од градоначалникот Тимчо Муцунски по повод новогодишните празници

Градоначалникот Тимчо Муцунски во новогодишната честитка до граѓаните објавена на неговиот инстаграм и фејсбук профил посака Среќна нова година и порача дека поддршката и разбирањето се темел на соработката со граѓаните, a таа пак е основа со која заеднички ќе се направи многу за поубав Аеродром.
„На почетокот на новата година, во утрото во кое сите ја споделуваме празничната радост и енергија, Ви посакувам посреќна, повесела и поуспешна година“, истакна Муцунски во честитката.
Тој потенцираше дека изминатата 2022, била првата година од неговиот мандат во која се реализирани најголемиот дел од планираните инвестиции и проекти.
“Во новата 2023 година влегуваме подготвени, со многу нова искуства и идеи кои ги црпиме од комуникацијата со вас и од вашите предлози. Токму, Вашата поддршка е силата која ќе не води во остварување на плановите за оваа година. Дозволете на почеток на оваа година да посакам здравје, љубов, меѓусебно разбирање и почит. Поддршката и разбирање да биде темел на нашата соработка, а тaa пак да биде основата со која заеднички ќе направиме многу за нашата општина, за нашиот Аеродром. “, додаде тој во честитката.
„Празничната атмосфера нека донесе енергија со која ќе ги надминеме сите предизвици со кои ќе соочиме оваа година. Бидете здрави и живи, Среќна нова година“, заклучи Муцунски во својата фејсбук и инстаграм објава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.