Македонија
Четворица војници добија Медал за храброст за несреќата кај Ласкарци

Претседателот Ѓорге Иванов им врачи медали за храброст на четворица припадници на Армијата на Република Македонија, кои придонесоа за навременото укажување помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа што на 13 февруари се случи кај селото Ласкарци.
Претседателот Иванов ги одликуваше Семир Фета, Омер Емини, Бујамин Реџепи и Сељадин Саљихи со Медал за храброст за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност, кои со лично залагање како професионални војници и припадници на Армијата на Република Македонија придонеле за навремено укажување помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа што се случи кај селото Ласкарци, на патниот правец Скопје-Тетово.
Македонскиот претседател рече дека овие медали за храброст се симболичен начин со кој македонската држава и македонските граѓани ја изразуваат благодарноста.
„Ја потврдивте верноста на Армијата кон македонските граѓани, спасивте човечки животи и ги вративте надежта и вербата во добрината. Ја вративте вербата дека постои добрина во овој свет и дека за таа добрина вреди да се бориме, секој ден и постојано“, порача македонскиот претседател.
„Со вашата храброст вие сте пример не само за другите припадници на македонската армија туку и за целото македонско општество. На дело покажавте дека соживотот е, всушност, грижа за животот на другиот човек независно од етничката, јазичната или верската припадност“, рече претседателот Иванов на церемонијата на доделување на одликувањата.
Професионалниот војник Семир Фета, кој живее во селото Ласкарци, изрази голема благодарност до претседателот на државата за доделените медали. „Изразувам сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакувам побрзо оздравување. Секој што би се нашол на местото би помогнал во овој случај“, изјави Семир Фета.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, утре ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.
Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.