Македонија
Четворица починати и 162 новозаразени од Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.350 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-75, Куманово-14, Дебар-1, Штип-5, Прилеп-5, Тетово-13, Струга-1, Велес-2, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-3, Струмица-10, Крива Паланка-3, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-1, Валандово-1, Виница-2 и еден во Свети Николе.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 109 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-24, Куманово-10, Штип-4, Прилеп-11, Тетово-10, Струга-9, Велес-1, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-1, Кочани-13, Берово-2, Свети Николе-2 и двајца од Валандово.
Во болнички услови се починати четри лица – тројца пациенти од Скопје (на возраст од 55, 80 и 81 година) и еден од Штип (81).
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.138, бројката на оздравени пациенти е 15.068, на починати е 743, а во моментот бројот на активни случаи изнесува 2.327. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:
• Скопје 7.100, активни 775
• Куманово 1.777, активни 184
• Дебар 287, активни 32
• Штип 1.262, активни 51
• Прилеп 689, активни 124
• Тетово 1.455, активни 149
• Струга 673, активни 42
• Велес 330, активни 33
• Битола 314, активни 67
• Охрид 430, активни 33
• Кавадарци 241, активни 42
• Гостивар 936, активни 86
• Гевгелија 129, активни 41 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 261, активни 156
• Крива Паланка 113, активни 28
• Радовиш 89, активни 25
• Крушево 20, активни 1
• Кочани 375, активни 161
• Пробиштип 116, активни 23
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 93, активни 8
• Пехчево 44, активни 3
• Берово 104, активни 30
• Валандово 36, активни 23
• Виница 116, активни 28
• Делчево 163, активни 80 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 25, активни 1
• Свети Николе 353, активни 43
• Кичево 328, активни 34
• Ресен 164, активни 15
• Неготино 54, активни 7 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 190.127 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 84, од кои на кислородна поддршка се 41 пациент.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 3 деца и 2 мајки позитивни на Ковид-19, како и 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани се 30, од кои еден е на респиратор.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 19, а во болницата во Штип – 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 172 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи во скопските општини во моментот е следна:
• Чаир – 56
• Гази Баба – 88
• Аеродром – 123
• Карпош – 99
• Центар – 118
• Кисела Вода – 96
• Ѓорче Петров – 55
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 8
• Сарај – 15
• Арачиново – 5
• Илинден – 33
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 6
• Петровец – 5
• Зелениково – 2
• Странец – 10
• Нераспределен – 7
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени
Времето денеска е биде променливо облачно и релативно топло, велат од Управата за хидрометеорологија (УХМР). Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, првин во западните делови ќе има врнежи од дожд.
На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Македонија
Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор
Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без селективен пристап по заканите за тепање и убивање полицајци. Маршот ќе почне во 11 часот со јавен собир пред Основното јавно обвинителство Битола од каде ќе се маршира кон хотел „Епинал“, а ќе заврши на плоштадот „Магнолија“.
„Како одговорен синдикат ќе организираме мирен марш со цел да се актуелизира и јавно да се побара доследно и еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела, без исклучоци и без селективен пристап. Повод за маршот се последните јавни изјави и настани во Битола, во кој поединци се закануваа дека ќе тепаат и убиваат полицајци доколку се обидат да ги спроведат законите, кои повторно ја отворија темата за двојните аршини во постапувањето на институциите кога се работи за полицајци и останати граѓани и создадоа чувство на неправда. Целта на маршот не е насочена против ниту една етничка, социјална или друга заедница, туку е јасен апел и крик за потребата од владеење на правото, каде што законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали се работи за полицајци, граѓани или институции“, најавија од НСП.
Барањата кои е се упатат од маршот се: еднаков третман пред законот за сите извршители на кривични дела, а не само на полицајците, крај на селективната правда и притвор за сторителите, бидејќи за ваков сличен настан пред само 2 години кој се случи во Прилеп, кога лице се закануваше на обвинителка веднаш беше побарано и определено притвор, барање за итна промена на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и враќање на поранешната глоба која изнесување 1000 евра за омаловажување на државни органи и полициски службеници, наместо сегашните 50, односно 150 евра.
Целта на мирниот марш од НСП велат дека е и враќање на достоинството на полицијата.
Независниот синдикат на полицијата поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола против две лица поради упатени сериозни закани по животот на полициски службеници. Двете лица јавно се извинија за заканите со објаснување дека се заканиле оти биле под стрес.
Македонија
Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица, на планинскиот премин Стража до 100 метри и кај Маврово до 100 м.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ потстува дека е на сила законската обврска за зимска опрема во возила и препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

