Македонија
Четворица починати и 19 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа четворица пациенти починаа од коронавирус во земјата. Потврдени се 19 нови случаи, а излекувани се 16 пациенти.
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје – 7, Куманово, Велес и Кочани по 1 пациент, во Тетово и Неготино се оздравени по 3 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Скопје на 65-годишна возраст, примена на 11 мај, пациент од Скопје (71 години), хоспитализиран на 16 мај, и пациент од Тетово (73 години), во болница од 11 мај. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41 година), кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.
Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи и тоа во: Скопје – 11, Куманово – 2 случаја и по 1 случај во Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Струмица и во Виница.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.858, бројката на оздравени пациенти е 1.367, на починати е 110, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 647, активни 145
• Куманово – 418, активни 22
• Дебар – 51, активни 0
• Штип – 38, активни 4
• Прилеп – 203, активни 59
• Тетово – 151, активни 63
• Струга – 71, активни 5
• Велес – 126, активни 53
• Битола – 27, активни 8
• Охрид – 21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар – 21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активен 1
• Крива Паланка – 6, активен 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 3
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино – 9, активни 2 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево – 3, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Валандово – 1, активни 0
• Виница – 3, активен 1
• Кратово – 2, активен 1
• Берово – 1, активен 1
• Свети Николе – 1, активен 1
Досега во земјата се направени вкупно 22.767 тестирања на Ковид -19.
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие, 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1.131 тестирања на вработените во градинките, потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19 во Битола.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминатите 24 часа примени се пет нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 46 пациенти. На кислородна поддршка се 20, на механичка вентилација се двајца пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 27 нови, а вкупно хоспитализирани се 25 пациенти. На респиратор се двајца пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четири пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се осум, на домашно лекување се следат уште тројца пациенти. Во болницата во Штип хоспитализирани се шест пациенти, нема пациенти што се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и во Прилеп хоспитализирани се 49 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

