Македонија
Четири барања на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“
Во вторникот вечерта во неколку поголеми градови како и Скопје, се одржаа нови во низата мирни поворки во граѓанската иницијатива насловена „За заедничка Македонија“ со која се бара отфрлање на платформата што ја понудија четирите албански партии како услов за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11-ти декември, а во главниот град ликовниот уметник Коле Манев ги истакна четирите барања на иницијативата.
„Ние граѓаните ‘За заедничка Македонија“, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите други кои живеат во нашата татковина бараме: Сите политички партии заедно со граѓаните да изготват платформа ‘За заедничка Македонија“, тука во главниот град на Република Македонија и да ги отфрлат платформите пишувани во туѓи држави. Бараме од политичките партии во преговорите да не помислуваат да усвојат владина програма која не би била изгласана од граѓаните на изборите. Бараме од партиите, а посебно од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да не допуштат да се гласа во Собранието законот за двојазична Македонија затоа што тоа ќе биде вовед во редефинирање на Македонија. Бараме од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов да го почитува Уставот, да не доделува мандат после истекување на рокот кој веќе е истечен и затоа што давањето на мандатот за платформа од туѓа држава ќе го направи соучесник во разнебитувањето на Република Македонија“, го прочита прогласот Манев пред учесниците во поворката пред Собранието, каде што поворката пристигна по вообичаената маршрута која започнува пред зградата на Владата.
Како и претходните денови, на учесниците им се обратија уметници и познати јавни личности.
„Да појдеме повторно по нашата маршрута за да го спречиме разнебитувањето на Македонија, да направиме сè што е во наша моќ, бидејќи сé е во наша рака за нашата држава да остане унитарна, да остане наша, да живееме тука и понатаму слободно, истакна на денешниот протестен марш пијанистката Елена Мисиркова, внука на преродбеникот Крсте Петков Мисирков, исто така. од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Истакна дека е горда што може да ги поздрави сите присутни и заедно со нив да го сочува она што предците со пролеана крв и по мачен пат го стекнале.
„Постулатите од нашиот проглас се упатени до секој граѓанин, секој е добредојден тука“, истакна Мисиркова.
„Јас сум роден овде во Македонија, тука биле моите прадедовци, нашите татковци, треба да живеат и нашите синови. Дојде време за одбрана на унитарна и заедничка Македонија. Дојде време да застанеме сите сплотено под знамето на Македонија. Ова се последните мигови кога можеме да ја одбраниме Македонја, таква каква што ни ја оставија нашите предци. Веќе не се работи на партии, политички кариери и функции, се работи за поважна работа, се работи за нашата Македонија“, рече актерот Иван Ванчо Петрушевски.
Тој го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги поддржи учесниците на маршот, „масовно во одбрана на унитарна и заедничка Македонија“.
„Не се лажеме, нашата цел е искрена и оправдана и очекуваме секој кој ја сака својата татковина, кој ја почитува историјата, но и посакува иднина да се приклучи кон нас. Еднаш засекогаш да се знае дека седење настрана нема. Потребна е акција. Сега дојде времето. Ајде сите заедно за заедничка Македонија“, рече Петрушевски и додаде дека немаме друга татковина и сите заедно треба да се за Македонија.
Во вторникот на спомнатата граѓанска иницијатива за „зачувување на унитарноста на Македонија“, се одржаа и во Прилеп, Кичево, Штип и Куманово./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

