Македонија
Четири женски бебиња во Новата година во Битола
Четири женски бебиња се првите нови жители на Битола во 2017 година.
Три женски бебиња се родија во Клиничката болница во Битола и уште едно женско во болницата „Плодност“. Сите добија по 10.000 денари кои на нивните родители им ги врачи градоначалникот Владимир Талески.
„Продолжуваме со традицијата. Радосен сум што имав можност да им честитам на родителите за новороденчињата, но и на медицинскиот персонал кој им помогна во новогодишната ноќ“, изјави градоначалникот Талески за време на посетата на Клиничката болница и болницата „Плодност“.
Од СВР Битола информираат дека новогодишната вечер во Битола поминала мирно и без нарушувања на јавниот ред и мир.
„Битолчани ги испочитуваа нашите превентивни препораки и задоволни сме што новогодишната вечер мина без нарушувања на јавниот ред и мирни, ниту со сообраќајни незгоди. Празничните вечери продолжуваат и затоа апелираме на внимателност“, рече портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова.
Мирна вечер е регистрирана и во Службите за итна помош и ургентна медицина, потврдија од Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски“-Битола./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Министерката Јаневска ќе учествува на „Глобалниот конгрес за популација, здравје и човечки развој“ во Каиро
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска од 12 до 15 ноември ќе учествува на „Глобален конгрес за популација, здравје и човечки развој“ што по трет пат се одржува во Каиро, под покровителство на Претседателот на Египет, Абдел Фатах Ел – Сиси.
Предвидено е учество на министерката Јаневска на повеќе панел дискусии посветени на човечкиот развој, развој и примена на иновации со фокус на вештачката интелигенција, а ќе биде и воведен говорник на сесија посветена на неформалното образование како концепт на доживотно учење.
За време на конгресот, Јаневска ќе оствари билатерална средба со египетскиот министер за високо образование и научни истражувања, Мохамед Ајман Ашур.
Македонија
Неколку улици во Скопје денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач ф-125мм на крстосницата Индира Ганди/Гвадалахара, прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици; Гвадалахара, Индира Ганди, Метохиска, Јован Хаџи Шишко и Гарсија Лорка, општина Шуто Оризари.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека денеска поради уличен дефект од ф 1” на улицата Прашка бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од улицата Прашка од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

