Македонија
Четири нови случаи на Ковид-19, починал 66-годишен скопјанец
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.337 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на Ковид-19, од кои три во Скопје и еден во Прилеп.
Регистрирани се и 14 оздравени пациенти, и тоа: од Скопје – 8, Куманово – 3 и по еден од Прилеп, Неготино и Македонска Каменица.
Пријавено е едно починато лице од Скопје на 66-годишна возраст и во болнички услови.
Направени се 1.337 теста преку: ИЈЗ – 28, ЦЈЗ Скопје – 27, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 128, „Авицена“ – 81, „Биотек“ – 157, „Систина“ – 115, „Синлаб“ – 14, „Никоб лаб“ – 141, „ВФВ медикал“ – 49, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 597.
Досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.540, бројката на оздравени пациенти е 149.642, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 426.
Според епидемиолошките анализи, дистрибуцијата по градови во моментот е следна:
Скопје 68.614, активни 183
Куманово 8.868, активни 49
Прилеп 8.319, активни 33
Тетово 7.232, активни 28
Битола 6.304, активни 18
Велес 5.471, активни 3
Гостивар 5.180, активни 14
Кавадарци 5.153, активни 0
Охрид 5.011, активни 19
Штип 4.959, активни 2
Струмица 4.113, активни 6
Струга 2.981, активни 4
Кочани 2.791, активни 4
Кичево 2.578, активни 26
Гевгелија 2.195, активни 3
Неготино 2.184, активни 3
Свети Николе 1.523, активен 1
Ресен 1.234, активни 0
Крива Паланка 1.222, активни 2
Радовиш 1.161, активни 7
Берово 1.029, активни 0
Делчево 972, активни 4
Дебар 941, активни 2
Виница 886, активни 5
Пробиштип 789, активни 0
Валандово 666, активен 1
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активен 1
Демир Хисар 400, активни 3
Демир Капија 396, активни 0
Кратово 376, активни 3
Македонски Брод 359, активен 1
Пехчево 268, активни 0
Македонска Каменица 249, активен 1
Дојран 132, активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

