Македонија
Чешка и Словачка ги блокираа заклучоците за проширување на ЕУ поради Бугарија

Чешка и Словачка не се согласуваат со заклучоците за проширување на Европската Унија, кои беа понудени вчера во Советот на амбасадорите во Брисел.
Предлогот на заклучоците од германското претседателство го вклучува барањето на Бугарија да се додаде реченица што се однесува на „погрешното толкување на историјата“ во делот поврзан со Македонија и Бугарија. Ова барање досега беше одбивано.
Заклучоците треба да бидат донесени најдоцна во следните два дена. Сепак, Чешка и Словачка побарале повеќе време за консултации за понудените заклучоци.
Двете земји членки сметаат дека вклучувањето на историскиот контекст во официјални документи на Европската Унија претставува преседан и го комплицира понатамошното проширување на Унијата.
Двете земји предупредуваат дека оваа формулација поврзана со историјата не е предмет за ЕУ и дека не треба таа да суди кој како се идентификува и каков јазик говори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.