Македонија
Членови на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук бараат итни реформи и демократизација на партијата
„ВМРО ДПМНЕ – посилно за нови победи“ – под ова име на Фејсбук е отворена група во која лица кои тврдат дека се членови и симпатизери на партијата бараат реформи и демократизација со цел „враќање на силата и угледот на ВМРO ДПМНЕ како столб на Македонија“.
„Ние веруваме дека силно и демократско ВМРО ДПМНЕ ќе биде најсилната политичка партија во Република Македонија која брзо ќе се врати на власт со цел заштита на македонските национални интереси“, пишува во групата.
Извесен Александар Михајлоски во групата напишал: „Ако сакаме да ја вратиме силата и угледот на ВМРО-ДПМНЕ итно ни требаат суштински реформи за демократизација на партијата. За сите членови кои ми пишаа во инбокс дека биле шиканирани поради лајк и став на ФБ треба да знаете дека секое вознемирување на работно место заради политичка мисла и искажан став е мобинг” и за брзо време тие што го прават тоа ќе се срамат од постапките“.

Михајлоски пишува дека во групата има адвокати кои стојат на располагање за бесплатна правна помош и дека ВМРО-ДПМНЕ „ќе се демократизира и како најсилна политичка партија повторно ќе се врати на власт“.
Од она што е достапно на интерент, може да се забележи дека Михајлоски бил претседател на Правната комисија и на Комисијата за надворешна политика во ВМРО-ДПМНЕ, бил член на Централниот и Извршниот комитет, и на Унијата на млади сили. Бил уредник на гласникот на УМС, „Завет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.