Македонија
Чулев: Да ги почитуваме мерките за наскоро животот да се врати во нормала
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба и ги посети полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар.
На средбата министерот Чулев беше запознаен со активностите кои се преземаат за контрола на мерките и одлуките на Владата, со посебен акцент на одлуката која е на сила, а се однесува на ограничување на движењето на време на продолжениот празничен викенд.
„Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. Тука сум пред се на колегите, а потоа и на сите граѓани да им ги честитам двата празници. Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредности кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува“, истакна Чулев.

Тој се заблагодари на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот.
„Времето во кое живееме и предизвикот со кој се соочуваме секојдневно не потсетуваат дека битките кои ги водиме во професионалниот и приватниот живот не познаваат етничка, национална, професионална или било каква припадност, а тоа е уште еден доказ и потврда дека соработката и сплотеноста е единствениот начин преку кој можеме да ја постигнеме и оствариме оваа цел. Мостовите на соживот кои ние заеднички ги градиме денес, се основата по која ќе чекорат идните генерации“, потенцираше Чулев.
Министерот на крајот упати апел до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и изрази искрена надеж дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

