Македонија
Чулев: Засега не се размислува за карантин во Скопје

Иако бројот на заразени во Скопје го надмина бројот на заразени во Дебар, сè уште не се размислува за воведување карантин во Скопје и околината. Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека доколку е потребно, ќе се воведат поригорозни мерки за ограничување на движењето на луѓето.
„Засега не се размислува за карантин. Тоа, сепак, е одлука на Владата. Ние како Министерство за внатрешни работи го зголемивме бројот на полицајци за контрола на лицата во изолација, во самоизолација и за почитување на мерките и одлуките од Владата. Доколку е потребно, ќе бидат воведени поригорозни мерки за движењето на луѓето“, рече министерот Чулев.
Мнистерството за здравство утрово извести дека бројот на потврдени пациенти заразени со коронавирус во Скопје изнесува 34, во Дебар се регистриран 30 заразени, а по еден има во Гостивар, Штип и во Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Ќе каже ли ВМРО-ДПМНЕ колку пари во форма на донации земале од осомничените од „Пулс“, прашува СДСМ

„Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја прикриваа вистината за трагедијата во Кочани и правеа сè за да ги заштитат полициските функционери поставени од нив. Наместо итно да се побара одговорност, власта штитеше, молчеше и манипулираше со јавноста. Целта беше јасна – да се спречи вистината, за да се побегне од одговорноста од врвот на власта, до директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски“, вели Миле Талески – пратеник на СДСМ.
„Само по силен јавен и политички притисок, на СДСМ и дел од медиумите конечно беа отворени постапки против неколку полициски началници.
Сега е јасно како ден дека вината е во врвот на МВР, во врвот на власта и за тоа мора да има кривична, правна и политичка одговорност.
Директорот на БЈБ, Јанев треба да одговара кривично по закон и хиерархија.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски мора веднаш да поднесе оставка.
Без нивно повлекување, секоја истрага е компромитирана, секоја правда е селективна, како и досега.
Еве конкретни примери.
Главната инспекторка за економски криминал Кристина Јованова да не е опфатена со истрагата. Како е тоа можно?
Таа имала надлежност да постапи, а не презела ништо, иако дискотеката „Пулс“ работела нелегално повеќе од една година – без лиценца, со блокирана сметка.
Дури и сè уште е на функција. Затоа е заштитена од политички структури на власта и скриена зад ѕидот на молкот и неказнивоста.
Штитејќи ја неа, всушност се штити и директорот на БЈБ, кој е директно одговорен за нејзиното (не)постапување.
Одиме понатаму. Полицијата имала обврска да го затвори објектот, а не да спроведува контроли кои биле спротивни на процедурите.
Не се прави контрола на објект кој нелегално работи тој се затвора.
Полицијата исто така имала должност да спречи внес на пиротехнички средства, за што знаеме дека е клучен причинител за пожарот.
А кој ги постави сите овие началници, одговорни полицајци, надлежни полициски службеници? Кој им давал наредби? Тошковски и Јанев.
Затоа одговорноста мора да почне од нив.
СДСМ ќе ја продолжи борбата за вистината. Најавуваме дека следува продолжение, „Вистината за Кочани 2“ – со нова серија факти и аргументи, со нови информации.
Јасно прашуваме:
Ќе каже ли ВМРО-ДПМНЕ колку пари во форма на донации земале од осомничените од Пулс?
Правда за Кочани мора да има. За Кочани, за жртвите, за семејствата, за правната држава“, изјави Миле Талески – пратеник на СДСМ.
Македонија
Истепал и влечел девојче по улица, кога дошла полицијата се заканил дека ќе ги нападне со секира и тесла: предложен притвор за 23-годишен велешанец

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и предложи определување мерка притвор за едно лице осомничено за кривично дело – Насилство врз дете од член 201-а и шест кривични дела – Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Постои основано сомнение дека на 13 јуни 23-годишниот велешанец извршил физичко насилство врз девојче родено 2016 година, така што најпрво почнал да ја навредува, а потоа со метален предмет ја удрил по главата. Кога детето паднало на земја тој започнал да ја влече по улицата. Кога родителите на девојчето пријавиле во полиција, шестмина полициски службеници пристигнале на лице место, но осомничениот им се заканувал дека ќе ги нападне со секира и тесла кои ги држел во рацете. Со опасните орудија започнал да се приближува кон полицајците и не застанувал на дадените наредби да запре, по што полициските службеници испукале два предупредувачки куршуми во воздух. Осомничениот се дал во бегство и бил недостапен два дена.
По неговото приведување во полициска станица, осомничениот продолжил да им се заканува на полицајците, поради што обвинителот оцени дека постои реална опасност тој да ги доврши кривичните дела доколку биде пуштен да се брани од слобода. Исто така, јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор и поради опасност од бегство.
Македонија
(Видео) Ако Обвинителството не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат, вели Мицевски

„Ако ЈО не отвори постапка за Филипче за луксузниот џип, ќе докаже дека работи под негов диктат. Филипче добил луксузен џип од 130.000 евра од фирма добитник на тендери во време на СДС и ЈО молчи и не отвора случај“, кажа Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Односот на ЈО кон Филипче е зачудувачки. Зошто ЈО молчи? Дали ЈО не смее да постапува затоа што Филипче е претседател на партијата која ги избра скоро сите обвинители?
Истото тоа ЈО отвори постапка за Пеце Мирчевски, за ист таков случај, но Мирчевски е само обичен директор од СДС и кај нив нормално е некој да оди жртва за Венко.
ЈО и да отвори и да не отвори постапка за Венко Филипче, тој веќе нема легитимитет, народот јасно гледа дека тој е заштитен и тоа уште повеќе ќе го казни на избори.
Ниту Филипче, ниту било кој во СДС не смее да го манипулира народот“, изјави Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.