Македонија
Внатрешна контрола при МВР ќе проверува дали се вршела злоупотреба на службените возила

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, и неговата заменичка Славјанка Петровска решија одделот за внатрешна контрола да утврди дали несоодветно се користеле возилата што биле дадени на користење кај обезбедувањето на техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот Стево Пендаровски и кај самата Петровска.
Ова следува по петочната телеграма на Чулев да се одземат 35 службени возила бидејќи биле користени за приватни потреби.
Од одделот за внатрешна контрола ќе се повлечат само оние возила што нужно се неопходни за кабинетот и министерот, без притоа да се наруши секојдневното работење на службениците.
„Истовремено, беше консатирано во меѓусебна координација помеѓу организациските единици да се направи соодветна распределба на возилата водејќи сметка за кабинетите на министерот и дополнителниот заменски министер“, соопштија од ресорното Министерство.
Во однос на телеграмата со која Чулев ги укинува наредбите дадени од неговиот претходник Спасовски, од Министерството известија дека заземен е став директорот на БЈБ да утврди дали има потреба од работници во организациските единици за кои тие имаат решенија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.