Македонија
Чупеска од Центар: СДСМ мора силно да се спротивстави на окупација на безбедносниот сектор

Денеска гледаме обиди за нешто многу опасно – партизирање на безбедносните служби од страна на власта и враќање на режимските практики, со силен удар врз професионалците и загрозување на демократските вредности. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска, на средба со членовите од општина Центар.
-Безбедносниот сектор со сите негови структури мора да биде столб на независноста и заштитата на граѓаните, а не алатка за партиски интереси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со своите постапки и најави јасно покажува дека наместо да ја зајакне безбедноста на државата, се обидува да воспостави контрола врз овие клучни институции. Наместо реформи, сведоци сме на притисоци, замени на стручни лица со партиски лојалисти и отворени тенденции за политичка манипулација со безбедносните структури. Ова не е патот кон силна и безбедна држава. Ова е пат кон режим каде што безбедносните служби служат за заштита на интересите на еден политички врв, а не на граѓаните. Токму ваков пристап видовме во минатото, и токму ваков пристап ја доведе државата во сериозна криза. СДСМ мора силно да се спротивстави на оваа окупацијата на безбедносниот сектор, рече Чупеска.
Граѓаните заслужуваат служби кои ќе работат за нивна заштита, а не за партиските амбиции на ВМРО-ДПМНЕ, додаде потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска вечерва во Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)