Македонија
Шахпаска ги повика пратениците без одлагање да го донесат Законот за спречување насилство врз жените
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешната седница на Комисијата за еднакви можности во Собранието ја презентираше потребата од донесување предлог-законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство.
Таа истакна дека насилството е тема која не познава политичка и партиска припадност, ниту образовна, интелектуална или, пак, верска припадност, туку ги засега сите.
„Жените и девојчињата често се изложени на сериозни форми на насилство коишто претставуваат сериозно кршење на човековите права. Токму затоа главни говорници кои го подигаат гласот против насилството се жените. Потребата од носење на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство произлезе по ратификацијата на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашно насилство (Истанбулска конвенција) и ова е едно од прашањата по кои ќе следи и напредокот на државата во евроинтеграциските процеси“, истакна министерката Шахпаска.
Таа подвлече дека предлог-законот ги регулира превентивните мерки што секоја институција има обврска да ги преземе со цел елиминирање на насилството врз жените и семејното насилство, но и брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето итни и на привремени мерки за заштита.
„Судот има обврска, најдоцна во рок од 24 часа по приемот на предлогот од Министерството за внатрешни работи и полицискиот извештај, без да одржи рочиште да одлучи за изрекување итна мерка за заштита – отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување до домот“, појасни министерката.
Со предлог-законот е превдидено и донесување на програмата за реинтеграција на жртвите на насилство која вклучува модели за привремено домување, психичко советување со менторство, различни видови финансиска помош, специфично наменети за жени жртви на насилство, можности за образование за жените и нивните деца и обуки во различни области, како и мерки за вработување утврдени со закон.
Министерката ги повика пратениците да реагираат брзо и да го донесат законот без одлагање бидејќи, како што рече, овој закон претставува главна алатка на државата во справување со насилството врз жените и семејното насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

