Македонија
Шахпаска: Го ветивме и реализиравме концептот – парите назад кај граѓаните
																								
												
												
											За три години, покажавме вистинска грижа за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ покажа грижа само за Груевски, истакна Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3.
„Наместо помош и поддршка на најранливите категории граѓани, ВМРО-ДПМНЕ со години го држеше нивото на социјална помош на срамно ниско ниво и ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори. За три години, СДСМ преку социјалната реформа не само што ја зголеми социјалната помош 300 отсто туку воведе и детски и образовен додаток и го прошири опфатот на деца. Понудата за новиот четиригодишен мандат е уште повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца. Исто така, за три години, СДСМ го реши проблемот со стечајците, кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорира. 12.000 стечајни работници денес добиваат по 8.000 денари месечно, а набргу добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари. За време на 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ решен им беше статусот на само 4.000 стечајци“, рече Шахпаска.
Додаде дека СДСМ го ветил и реализирал концептот парите назад кај граѓаните, а за тоа зборуваат и 28 милиони евра, кои ги враќаат назад преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.
Покрај стечајците, вели Шахпаска, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените, кои не се активни баратели на работа.
Спомена и дека се намалени нотарските и трошоците за извршителите, а со отписот на камати на долгови за физички лица избришани се 10 милиони евра долгови на граѓаните. Ги намаливме и казните до 75 отсто, а воведовме опомена пред казна, додаде Шахпаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Воведена нова процедура на Клиниката за кардиологија, пациентите со сложени срцеви аритмии повеќе нема да бидат упатувани во странство
														Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за кардиологија, по повод извршената прва аблација за коморна тахикардија во нашата држава.
„Со воведувањето на новата процедура на Клиниката за кардиологија, овозможуваме пациентите со сложени срцеви аритмии да бидат згрижени и соодветно третирани во оваа врвна терциерна установа, без да има потреба да бидат упатувани во странство. Тимот од оваа клиника покажа дека во македонското здравство постои знаење, храброст и визија за врвни резултати. Ова е голем чекор напред за нашето здравство и потврда дека инвестицијата во знаење, технологија и човечки потенцијал овозможува врвни резултати“, истакна министерот Алиу при посетата.
Директорката на Клиниката за кардиологија, Даница Петкоска Спирова изрази благодарност до целиот тим за посветеноста во работата и грижата за пациентите со кардиолошки заболувања.
„Министерството за здравство продолжува со поддршка на иницијативите за воведување нови процедури и методи во јавните здравствени установи, со цел унапредување на третманот на пациентите на сите нивоа на здравствена заштита“, порача министерот Алиу.
Македонија
Љутков ќе се обрати на 43 сесија на Генералната конференција на УНЕСКО
														Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја предводи македонската делегација на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО што од 30 октомври до 13 ноември се одржува во Самарканд, Република Узбекистан.
Љутков утре (5 ноември) во Конгресниот центар „Патот на свилата“ во Самарканд ќе се обрати на дебатата посветена на генералните политики на Организацијата, на која учествуваат министри и претставници од земјите членки на УНЕСКО.
На Генералната конференција учествуваат претставници од над 200 земји и меѓународни организации. За време на двонеделното заседание ќе бидат усвоени значајни документи што ги одредуваат буџетот и програмата за работа на УНЕСКО за следниот период, а државите членки ќе изберат и членови на извршниот одбор. Се очекува во текот на Конференцијата да биде именуван и нов директор на Организацијата.
Одржувањето на Конференцијата во Самарканд е од особено значење бидејќи за првпат по повеќе од четири децении Генералната конференција на УНЕСКО се одржува надвор од седиштето на Организацијата во Париз.
Учеството на овој меѓународен собир, во кој Република Македонија е полноправна членка од 28 јуни 1993 година, ја потврдува континуираната посветеност на земјава кон целите и вредностите на УНЕСКО, а претставува и можност за унапредување на видливоста на македонската култура на глобално ниво.
Македонија
Утре без вода дел од скопски Центар
														Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( среда ) поради дефект во шахта од ф – ¾ на ул. Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција. ( општина Центар )

