Македонија
Шахпаска им подари пакетчиња на дечињата од Малиот групен дом во Капиштец
Во пресрет на новогодишните празници министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се дружеше со децата од Малиот групен дом во скопски Капиштец, кој функционира во рамките на Специјалниот завод во Демир Капија.
На сите дечиња министерката Шахпаска им подари новогодишни пакетчиња и им посака многу љубов, здравје и среќа. Таа истакна дека од клучно значење е општеството да обезбеди целосна инклузија на лицата со попреченост и нагласи дека за Министерството за труд и социјална политика тоа останува клучен приоритет.
„Со деинституционализацијата и по нивното сместување во мал групен дом, овие дечиња првпат се вклучени во образовен процес во посебни училишта. Нивното секојдневие е целосно променето. Живеат во топла атмосфера, најслична на семејната. Добро се примени од средината и од соседите. Ова е потврда дека македонскиот модел за деинституционализација дава позитивни резултати и е препознаен како позитивен пример и за други земји“, рече министерката Шахпаска.
Таа нагласи дека со овој процес се овозможи да нема ниту едно дете под 18 години сместено во резиденцијална установа. Сега тие се во мали групни домови, каде што за нив се грижи стручен кадар, кој секојдневно им помага на децата.
Со новиот Закон за социјалната заштита спуштена е границата за лична асистенција од 18 на 6-годишна возраст, што е уште една значаен напредок во грижата за лицата со попреченост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

