Македонија
Шахпаска од Сараево: Интеграцијата на Ромите е наша обврска
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се обрати на Вториот министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржа во Сараево, БиХ.
На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот совет за соработка, учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, а преку видеопорака се обратија и Оливер Вархеи, комесар за проширување на Европската Унија, како и Михаел Рот, германски државен министер за Европа.
„Изминатиов период, од Самитот на лидерите на Западен Балкан во Познањ во јули 2019, па сè до денешниот состанок се покажа како еден од најпродуктивните периоди на регионално нивокога е во прашање унапредувањето и интеграцијата на Ромите. За Република Северна Македонија ова беше период кога на дневна основа се работеше на сите горливи теми кои се поврзани со интеграцијата на Ромите – образованието, вработувањето, домувањето, регулирање на матичната евиденција. Кога работиме заедно, кога имаме меѓусебна поддршка, кога споделуваме искуства резултати мора да има“, нагласи Шахпаска.
На панелот на кој се дискутираше за напредокот на секоја земја и за исполнувањето на преземените обврски од претходниот министерски состанок во Албанија, министерката Шахпаска информираше дека Република Северна Македонија има постигнато голем напредок во делот на предучилишното образование во кое се бесплатно се вклучени 400 деца Роми во јавните градинки, додека за средношколците и студентите Роми се поделени 700 стипендии. Истовремено, таа нагласи, дека преку конкретни проекти се работи на задоволување на потребите на Ромите за обезбедување соодветни услови за домување.
На министерскиот состанок учествуваат министрите надлежни за социјални прашања од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, како и директорот на Канцеларијата за Иницијативи за Ромите на Фондацијата Отворено општество.
На крајот на Вториот министерски состанок беа усвоени заклучоци за натамошниот процес на интеграција на Ромите, кои се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката
Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна на министерот за правда Игор Филков во неговото последно јавно појавување поврзано со куќниот притвор на поранешниот вицепремиер, Артан Груби.
Од партијата оценуваат дека извршната власт нема уставно право да сугерира како треба да функционираат судските органи и дека улогата на Министерството за правда е да го штити интегритетот и независноста на судството, особено во чувствителни случаи со засилена политичка поларизација.
„Министерот за правда, наместо да го заштити судскиот систем од партиска хистерија, дополнително го поттикнува тоа, создавајќи клима на однапред донесена пресуда и јавно испраќајќи пораки што вршат притисок врз обвинителите и судиите“, наведуваат од ДУИ.
Според нив, ваквите изјави претставуваат директно мешање во тековна постапка и сериозен удар врз правосудниот систем, со што се загрозува интегритетот на постапката и принципот на поделба на власта.
ДУИ го повикува министерот да се воздржи од понатамошно јавно мешање, а Министерството за правда, како што велат, преку јасна и одговорна комуникација да ја гарантира независноста на судството. Во спротивно, сметаат дека министерот треба да биде разрешен.
Партијата најавува дека ќе продолжи да го следи секое дејствие што, според нив, создава клима на линч и ќе ги информира своите стратешки партнери – САД, Европската Унија и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Реакцијата на ДУИ следува по прес-конференцијата на министерот за правда Игор Филков, кој побара отчетност и детално образложение за одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случајот со Груби, кој е под истрага за криминал вреден 8 милиони евра во Државна лотарија.
Филков посочи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое претходно бил утврден ризик од бегство, и јавно ги повика судскиот и обвинителскиот совет да утврдат дали има одговорност кај судијата и јавниот обвинител за одлуката за куќен притвор.
Македонија
Утре сончево време со температура до 16 степени
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h), информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури.
Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од корисниците на Гази Баба утре без вода
Дел од корисниците на Општина Гази Баба утре ќе останат без вода.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 25.02.2026 година ( среда ) имаат планирано неколку интервенции и тоа поради промена на вентил од 2.5“ на ул.Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности“, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

