Македонија
Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со попреченост
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска се сретна со претставници од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија.
На почетокот на средбата Шахпаска истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со имплементацијата на социјалната реформа, унапредување на правата и развојот на социјални услуги за лица со попреченост, како и дека од буџетот на Министерството за 2021 година најмногу средства се предвидени за социјалните трансфери.
„Денеска потпишавме 10 нови договори за грантови за развој на социјални услуги со општините, а до крајот на годинава имаме уште седум, тоа се вкупно 24 договори за грант, услуги преку кои лицата со попреченост ќе добиваат помош и нега во својот дом, во своето место на живеење. Овој проект продолжува, односно општините што не аплицирале оваа, може да го направат в година“, министерката Шахпаска.
На средбата се разговараше и за процесот на деинституционализација, кој претставува еден од главните приоритети на Министерството за труд и социјална политика. Преместувањето на лицата со попреченост од големите институции во групни домови е процес што продолжува.
Како мошне важна од страна на Националното координативно тело беше посочена и функционална процена и поддршка на деца и млади, каде што се применува нов модел на процена на децата со попреченост – МКФ. Новиот модел овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината што му создаваат бариери да го постигне својот целосен потенцијал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кривична пријава за директор на студентски дом поради несовесно работење
Полицијата поднесе кривична пријава против Н.Ј. (57) од селото Таринци, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Според пријавата, на 29 и 31 мај 2024 година, Н.Ј., во својство на директор на Државен студентски дом „Браќа Миладиновци” во Штип, постапил спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки.
Тој извршил плаќање на фактури во вкупен износ од 84.320 денари за сместување, односно ноќевање за себе и за ученици од студентскиот дом во два хотели во Охрид, без да спроведе соодветна постапка за јавна набавка, соопшти полицијата.
Македонија
Кривична за поранешен градоначалник на Чашка поради сомнеж за злоупотреба
Полицијата поднесе кривична пријава против Г.С. (47) од Велес, поранешен градоначалник на Општина Чашка, и против М.А., раководител на финансиското одделение во истата општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Според пријавата, Г.С. во текот на 2021 и 2022 година, во повеќе наврати, свесно и со умисла ја ангажирал второпријавената да извршува работни задачи подолго од нејзиното работно време, иако таа била вработена со скратено работно време, што е спротивно на Законот за работни односи, кој забранува прекувремена работа за лица со скратено работно време.
Од СВР Велес информираат дека М.А., и покрај известувањето од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и донесеното решение за четиричасовно работно време поради здравствени причини, прифатила да биде дополнително ангажирана.
За извршените активности ѝ биле исплатени 50.109 денари, со што, според пријавата, е нанесена штета на буџетот на Општина Чашка.
Македонија
„Нокаут“ ќе ги забавува битолчани за Нова Година
Општина Битола одлучи да нема огномет на прославата на дочекот на Новата година.
Со ова, општината се приклучува кон другите општини кои, исто така, одлучија на прославите за дочекот на новата година да нема огномети и заради барањата на поедини здруженија на граѓани.
Организираниот дочек како и изминатите години ќе биде на платото на Офицерскиот дом, каде ќе има музичка програма која е дел од „Зимската приказна“.
На последниот ден од годината дневната програма ќе започне во 11:00 часот на платото на Офицерскиот дом, а од 12:00 часот во Старата чаршија.
Вечерната програма пред Офицерскиот дом ќе биде од 20:30. На почеток забава со Борче Наумовски, потоа „Кабаре за раѓањето и вечноста“, „Баркод бенд“ и од 23:00 до 1:00 часот по полноќ со групата „Нокаут“.

