Македонија
Шахпаска: Јанушев се заканува дека ќе тепа жени од својата партија
Денеска уште една бомба одекна во јавноста во која граѓаните можат да го слушнат генералниот секретар Игор Јанушев во разговор со Миле Јанакиевски како се заканува дека цитирам „ќе ѝ удрел бокс во фаца“ на жена од општинскиот комитет, изјави на прес-конференција Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3.
„Огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган ‘Исправи се’ затоа што секојдневно потврдуваат дека зад маската што ја носат стои понижувачки, недоличен, неодговорен однос кон граѓаните, а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство. И не само тоа, дури и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост, а со тоа не ги почитува жените, како еднакви и рамноправни на мажите. И наспроти ова лице на ВМРО-ДПМНЕ стои СДСМ и коалицијата која работи, дејствува и се бори против сите форми на насилство врз жените. Парламентарното мнозинство на СДСМ и коалицијата донесе нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство коишто за првпат е целосно усогласен со елементите на Истанбулската конвенција“, изјави Шахпаска.
Таа додаде дека СДСМ ветил и остварил родова еднаквост во партијата, 50-50 застапеност на жените во политиката, а тоа го потврдуваат и двојните носители на листи за претстојните избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

