Македонија
Шаќири – Коруновски: Со заедничка заложба до подигнување на квалитетот на високото образование

Подигнување на квалитетот на наставата во високото образование е интерес на академската заедница, но и поширок општествен интерес, и затоа Министерство за образование и наука посветува посебно внимание на креирањето политики за подобрување и унапредување на функционирањето на универзитетите и научната дејност во државата.
На денешната работна средба, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, и ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, разговараа и за продолжувањето на поддршката за поттикнување на научноистражувачката дејност почната минатата академска година.
„МОН, почитувајќи ја автономијата на универзитетите, секогаш е отворено да ги слушне нивните предлози за унапредување на образовната и научната дејност. Ќе ја интензивираме соработката како најдобар начин за постигнување на стратешките цели поврзани со високото образование. Мислењето на професорите за нас е важно во носењето и реализирањето на реформите“, нагласи министерот Шаќири.
Ректорот Коруновски истакна дека УКЛО вложува континуирани напори за успешна реализација на студиските циклуси. Истовремено, заложба на УКЛО е создавање услови за поттикнувачко и мотивирачко научно опкружување и затоа е добредојдена поддршката на МОН за развивање на постојните и воспоставување нови научноистражувачки лаборатории.
На состанокот се зборуваше и за текот на академската година во услови на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.