Македонија
Шаќири од Тирана: Значајна сума од буџетот е доделена за поттикнување на истражувањето
Владата останува посветена на усогласување на нејзините национални напори со агендата за иновации за Западен Балкан. Во текот на изминатите години Владата покажа високо ниво на посветеност на подобрување на националниот екосистем за истражување и иновации. Значајна сума од националниот буџет е доделена за поттикнување на истражувањето и иновациите. Ова го истакна министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, во Тирана на министерскиот состанок на платформите на Западен Балкан за истражување и иновации, образование и обука, на кој, покрај министрите за образование на земјите од опкружувањето, присуствуваат и европската комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел, и генералните директори на директоратите за истражување и иновации и образование, култура и спорт.
„Државниот буџет за истражување е двојно зголемен во споредба со претходната година. Најголем дел од финансиските средства е насочен кон финансирање на научноистражувачки проекти за поддршка на истражувачката инфраструктура на факултетите и јавните научни институции. Ставајќи ги на маса дигитализацијата и зелената агенда како хоризонтални приоритети, со Фондот за иновации се планира серија социјални предизвици, кои ќе ги позиционираат иновациите како движечка сила за трансформирање на нашето општество и нашата економија и позиционирање на иновациите“, изјави Шаќири.
Министерот ги информира присутните дека е почната сеопфатна образовна програма за заштита на животната средина со негување инклузивен и системски пристап.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

