Македонија
Шаќири: Соработката со невладиниот сектор ги зајакнува интеркултурализмот и дијалогот помеѓу заедниците
Соработката помеѓу државата и невладиниот сектор е еден од условите за развој и зајакнување на интеркултурализмот, меѓусебното почитување и соработка помеѓу заедниците во државата.
Ова го изјави министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, на потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу МОН и „Нансен дијалог центар“ од Скопје.
![]()
Целта на овој меморандум е продлабочување на соработката и преземање мерки и активности за поддршка на континуиран професионален развој на воспитно-образовни субјекти во сферата на интеркултурализмот, како и придонес во развој на стратешки и иновативни интеркултурни приоди и практики.
„Потпишувањето на овој меморандум е продолжување на успешната соработка со ‘Нансен дијалог центарот’, кој изминативе години реализира обуки и студиски патувања за наставниците од основните и средните училишта, со единствена цел, односно промоција и развој на интеркултурализмот во образованието во Република Северна Македонија“, изјави Шаќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

