Македонија
Шекеринска: За шест месеци ги зголемивме платите на 90 илјади граѓани
Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, вчера беше меѓу граѓаните на Охрид, каде што оствари средби со поддржувачи на партијата.
Како што информират од владејачката партија, на средбата со граѓаните се разговарало за мерките од програмата на Владата, за придобивките од приближувањето на Македонија кон ЕУ и НАТО, како и за други актуелни прашања.
„Новата Влада промовира нов стил на транспарентно функционирање во чиј центар се граѓаните и нивните потреби, го слуша гласот на граѓаните и дејствува во интерес на граѓаните“, рекла Шекеринска.
На средбата потпретседателката на СДСМ изјавила дека само во првите 6 месеци Владата успеала да ги зголеми минималната и просечната плата за 90 илјади граѓани.
„Доколку продолжиме со овој ритам, без никаков сомнеж до крајот на 2019 година просечната плата ќе достигне до 30.000 денари. Ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа за струја, парите ги враќаме кај граѓаните. Знаеме, ова е само почеток, посветени сме на подобрување на животот на сите наши граѓани и резултатите ќе бидат повидливи многу бргу“, рекла Шекеринска.
Таа се осврнала и на евроинтеграцискиот процес и враќањето на Македонија на патот на интеграциите потенцирајќи го значењето за граѓаните од членството во ЕУ и НАТО.
„За кус период видовме што значат за економијата пријателството со соседите и соработката во комбинација со вистинските економски политики. За првите три месеци од годинава имаме 235 милиони евра странски инвестици во земјата, рекордно за изминатите 12 години. Инвестициите значат повеќе пари, повеќе можности за нови работни места и за повисоки плати. Кога зборуваме за ЕУ и НАТО, зборуваме токму за тоа, подобар и поквалитетен живот на граѓаните, функционални институции, правна сигурност, безбедност и повеќе пари кај граѓаните“, нагласила Шекеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

