Македонија
Шекеринска изрази благодарност за поддршката од Кина на средбата со високиот претставник Џанг Чингли
Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска го пречека потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет на 13. национален конгрес, Џанг Чингли.
Како што информираат од Министерството за одбрана, за време на средбата биле потенцирани одличните релации меѓу двете земји и народи, базирани на меѓусебна доверба и почитување.
Шекеринска ја поздравила соработката што Македонија и Кина ја остваруваат на полето на економијата, културата, образованието, како и иницијативата 16+1, која таа ја оценила како позитивен пример за улогата што голема земја и економија може да ја има во контекст на зајакната регионална соработка, а ја поздрави и се заблагодари и за соработката во доменот на одбраната.
Шекеринска упатила и благодарност за поддршката од кинеската амбасада и добрата соработка со амбасадорката и воениот аташе.
Потпретседателот на Националниот комитет на кинескиот политички и консултативен совет на 13. национален конгрес, Џанг Чингли, се заблагодарил за топлиот прием во земјата и истакнал дека е импресиониран од убавините на земјата, метафорички споредувајќи ја посетата на Охридскиот Регион со движење низ уметничка слика.
Тој ги поздравил динамиката на развојот и позитивните промени во македонското општество и подготвеноста на Владата да го подобри животот на граѓаните во земјата. Информирал и за мерките што Кина ги презема за борба против сиромаштијата и успехот што е постигнат на ова поле, како и за чекорите што се преземаат во контекст на постигнување брз раст на економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

