Македонија
(Видео) Шекеринска: Македонија ќе влезе во НАТО идната година ако одлучуваат граѓаните, а не политиканството
Податоците за тоа колку пари се потрошени за прославата ќе бидат достапни од понеделник. Ние ништо не криеме, не држиме само пресови, туку даваме информавии, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која вечерва е дел од прославата поради поканата на НАТО.
На прашањето кои се поголеми ѕвезди, дали политичарите кои дојдоа и се сликаа со присутните или музичарите, Шекеринска рече дека музичарите се на сцената, а тие пред неа и важно е да се забавуваат сите.
За тоа кога Македонија ќе влезе во НАТО, Шекеринска вели идната година, доколку се даде шанса на граѓаните да одлучуваат, а не на политиканството.
Покрај Шекеринска, присутни на прославата во Градскиот парк во Скопје, се и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски, пратеници и други. Исто така беа забележани и американскиот и италијанскиот амбасадор Џес Бејли и Карло Ромео.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.