Контакт

Македонија

Шекеринска до амбасадорите: Целиме кон мала, модерна и флексибилна армија

Објавено пред

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ги запозна амбасадорите на земјите членки на НАТО во Македонија со напредокот во изработката на клучниот стратешки документ во одбраната – Стратегискиот одбранбен преглед.

dobivaj vesti na viber

„Нашата цел е да имаме мала, модерна и флексибилна Армија, која ќе го има своето место во НАТО. Ги проценивме новите безбедносни ризици и предложивме реформи во Армијата и во Министерството. Со зголемувањето на буџетот за одбраната отворивме можност за почнување на реформите. Процесот на изработката на Стратегискиот одбранбен преглед за кој имавме кусо време е успешен поради квалитетниот тим кој на него работеше поради поддршката од НАТО и сојузниците и инклузивноста во процесот. Благодарни сме за поддршката од владите на САД и Велика Британија, кои испратија советници што помогнаа во изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како и на НАТО-канцеларијата во Скопје и на другите земји членки што го дадоа својот придонес. Инклузивниот процес во изработката на СОП е од огромно значење за да имаме ефикасна имплементација на реформите“, рече министерката.

Шекеринска додаде дека се очекува Владата да го усвои Стратегискиот одбранбен преглед пред самитот на НАТО и ги повика амбасадорите на земјите членки на НАТО да придонесат со своите совети во имплементацијата на СОП, кој ќе постави основа за долгорочен план за развој и модернизација на Армијата на Република Македонија.

Министерката го изрази очекувањето на Владата за поддршка за Македонија на претстојниот самит на НАТО.

Американскиот амбасадор Џес Бејли рече дека може да посведочи за вредната работа на компетентни лица од Министерството и Армијата, во соработка со американските и британските експерти. Британскиот амбасадор Чарлс Гарет се обрати до своите колеги повикувајќи ги дека доколку сакаат, да имаат конструктивна соработка со Македонија, која ќе има резултат – ова е можноста. Тој рече дека реформите во одбраната се важни не само за Македонија и регионот туку и за колективната безбедност.

Последниот Стратегиски одбранбен преглед беше донесен пред 14 години. Министерството за одбрана се обврза новиот документ да биде донесен до крајот на јуни, а неговата изработка навлезе во завршна фаза.

Македонија

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Објавено пред

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно, како што во понеделникот рече министерот за здравство, Илир Демири, туку не повеќе од 200 евра. Разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија, Марјан Шокаровски, вели дека нема вистина ниту во сомнежот на министерот дека странските експерти немаат лиценци за работа.

dobivaj vesti na viber

„Таа програма е во склоп на Владата. Јас немам конкретни информации за колкави дневници се работи, но не се повеќе од 150 до 200 евра. Ние сме во секојдневни контакти не само со колеги од Србија туку и од Хрватска. Сите оние што доаѓаат кај нас апсолутно имаат лиценци, тоа е лесно проверливо во Лекарската комора“, рече разрешениот директор Шокаровски.

Во понеделникот министерот за здравство го разреши Шокаровски од функцијата директор во пакет со Александра Ефтимова, која раководи со проектот за превенција на кардиоваскуларни заболувања, како и целата комисија, оти не му дале извештај на кои странски експерти и за што им се плаќани дневници од 700 евра за учество во работата на клиниката. Министерот Демири рече дека не треба да се дозволи да има зголемена смртност во услови кога клиниката плаќа толку многу експерти.

Сите податоци што во понеделникот ги изнесе министерот, Шокаровски, заедно го многумина вработени на клиниката, денес ги демантира. Ја организирале прес-конференцијата денес оти до вчера Шокаровски бил на боледување.

„Јас вчера бев на боледување. Имам лумбоишијалгија, денес сум овде под терапија. И ние докторите имаме право некогаш да се разболиме и да не ни биде добро“, рече Шокаровски.

За него и за многумина од вработените на клиниката, обвинувањата за зголемена смртност не се точни оти не само што смртноста не е зголемена туку бележи и тренд на намалување во последните месеци. Разрешувањата ги сметаат за незаконски оти ги направил министер во техничка Влада, без мандат за разрешувања. Обвинувањето за фантомски 170 пациенти за кои нема умреници ниту, пак, отпусни писма, според разрешениот директор и многумина вработени, се реални пациенти, уредно внесени во нивниот интерен систем, со уредна документација, но поради техничка грешка, која се провлекува со години на клиниката, некои не се внесени во системот „Мој термин“, кој не го сметаат за задолжителен.

Шокаровски и вработените сметаат дека обвинувањата се обид за оркестриран напад и хајка против клиниката, во кои учествува и министерот, а имаат цел да ја уништат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петар Богојески избран за професор по јавен менаџмент и лидерство на Универзитетот за мир

Објавено пред

Проф. д-р Петар Богојески, политички и граѓански активист и публицист, претседател на политичката партија Македонски концепт, е избран за професор по јавен менаџмент и лидерство на ECPD при Универзитетот за мир – UPEACE, основан од Генералното собрание на Обединетите нации, Њујорк, САД, во согласност со резолуцијата 35/55 од 1980 година. UPEACE ја извршува својата благородна задача со слоганот SI VIS PACEM – PARA PACEM („Ако сакате мир – подгответе се за мир“).

dobivaj vesti na viber

Универзитетот за мир е меѓународна институција за високо образование со цел промовирање мир и соработка меѓу сите човечки суштества на духот на разбирање, толеранција и мирен соживот, стимулира соработката меѓу луѓето и помага во намалувањето на заканите за светскиот мир и напредок.

ECPD е меѓународна и вонтериторијална организација, која ужива академска слобода потребна за исполнување на нејзините задолжителни задачи и цели, особено во однос на изборот на теми и методи на истражување, академски и друг кадар, како и образовни програми и форми на ширење на знаењето, со цел промовирање на мирот, развојот и меѓународната соработка, основан според меѓународен договор да работи на територијата на „Хелсинки Европа“, која ги опфаќа земјите од Европа и Северна Америка во рамките на Светскиот универзитет за мир, основан од организацијата на Обединетите нации, работејќи на свеста дека не може да се обезбеди траен мир доколку земјите и нациите со тешко минато не почнат да се развиваат на значително побрз и похармоничен начин од досега, како и од универзалната вистина дека нема мир без развој.

„Здружувањето значителен дел од интелектуалните потенцијали на Западот и Истокот, на Северот и Југот, особено создавање на интердисциплинарната и креативна атмосфера за вистинска тимска работа, без разлика дали истражувате во Скопје, Њујорк, Мадрид, Москва, Париз, Брисел, Милано, Даблин, Будимпешта, Атина или Лондон, е основен предуслов за создавање траен мир на планетата Земја. Знаењето, науката, образованието ќе нè донесат до траен и одржлив мир“, вели Богојески.

Проф. д-р Петар Богојески ќе работи на постдипломски степени и специјалистички обуки во повеќе научни дисциплини и области и на спроведување низа проекти посветени на промоција на мирот, развојот и меѓународната соработка, особено за територијата на Европа, но и други делови од светот, како САД, Канада, Јапонија, Кина, Индија и други земји, со учество на светски реномирани експерти од речиси сите континенти на многубројни меѓународни научни конференции, семинари, курсеви, тркалезни маси, академски и стручни работилници и слично, преку објавување стручни и научни трудови и учебници за постдипломски студии.

Богојески и досега беше ангажиран во речиси сите области на науката и истражувањето, особено со докторските и специјалистичките студии, вклучувајќи рационално користење и развој на човечките и природните ресурси и економскиот развој, јавното претприемаштво, културен и демократски развој и слично. Забележителни активности имаше во делот на јавните финансии, промоција на мали и средни претпријатија, транформација на јавниот сектор, управување со стопански и нестопански дејности и слично.

ПР текст

Прикажи повеќе...

Македонија

Стоилковски: Покрај исклучени сали, на Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурниот брег

Објавено пред

Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Како што рече, хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера, додава тој, и апаратите за компјутерска томографија и РТГ не работат. Ова е известувањето со кое што се бара разбирање за пациентите да се упатуваат кон други здравствени установи во градот!

„Во овие моменти кога сета јавност е насочена кон состојбата во Хирургија, кога сите скопски болници се преоптоварени со пациенти заради Хирургија, сега се исклучени и компјутерите за томографија. Ова е се само не ред, здравство, грижа за пациентите и посветеност на министерот и сиот раководен тим на Хирургија. Патем, знае ли министерот Илир Демири, дека најмалку петмина од раководството и администрацијата на Хирургија, меѓу кои и Адмир Дајоски економскиот директор на Торакална, среде хаосот заминале на патување на Азурен Брег? Дали Илир Демири се уште смета дека поважно е да му измине времето како министер без да се замери со ДУИ и СДС или треба веднаш да побара одговорност? Накусо ќе ги сублимирам проблемите на Хирургија: 12 дена нема операции заради лош мирис иако министерот тврди дека воздухот не е компромитиран, не работат лифтовите, фирма моли за услови да се исполнат преземените обврски на тендер, сега и компјутерите за томографија и РТГ се исклучени, а раководството со економскиот директор заминале на францускиот Азурен брег!?“, рече Стоилковски.

Порача дека одговорност мора да има, вклучително и етичка и професионална.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

Дневницата на странските експерти на Кардиохирургија не е 700 евра, како што вели Демири, туку не повеќе од 150 до 200 евра, уверува Шокаровски

Странските експерти ангажирани за помош и надгледување на работата на Клиниката за кардиохирургија државата не ги плаќа 700 евра дневно,...

Топ1 час

Со мотоцикли прегазени тројца пешаци во Македонија – жена загина, а дете е повредено во училиштен двор

Тројца пешаци вчера биле прегазени oд мотори на улиците низ државата. Според информациите од МВР, 68-годишна жена починала, кога во...

Македонија2 часа

Шокаровски: Смртноста на кардиохирургија се намалува, разрешувањата се незаконски, а 170-те пациенти не се фантоми, туку по грешка не се заведени во „Мој термин“

Смртноста на Клиниката за кардиохирургија не е зголемена, туку има тренд на намалување, нема пациенти фантоми, кои не се заведени...

Топ4 часа

Битолчанец силувал лице со трајно душевно заболување, чинот го снимал и го пренесувал во живо

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Полова злоупотреба на...

Македонија4 часа

Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе дејствува како пратеник

Градоначалникот на општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени со...

Свет4 часа

Северна Кореја ѝ испрати балони полни со измет на Јужна Кореја, стаса и предупредување: „Останете во затворено“

Северна Кореја испрати балони полни со ѓубре и измет во Јужна Кореја, јавуваат светските медиуми. Северна Кореја пуштила 90 балони...

Свет5 часа

Стејт департментот: САД жалат за трагичната загуба во Рафа, но Израел има право да го нападне Хамас

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави „длабоко жали за трагичната загуба”, што е резултат на израелскиот напад врз кампот...

Свет5 часа

Макрон: Франција е подготвена да ја признае Палестина во корисен момент

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на посетата на Германија дека признанието на палестинската држава не е „табу тема“,...

Свет5 часа

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади...

Македонија17 часа

Мицотакис: Очекувам од новиот премиер изјава дека името на неговата земја е Северна Македонија и тоа ќе го користи во и вон неговата земја

„Очекувам од новиот премиер да даде јасна изјава дека го почитува Договорот од Преспа и дека името на неговата земја...

Македонија20 часа

(Видео) Џафери најави дека останува да ја извршува премиерската функција до изборот на новата Влада: Нема да учествувам во работата на Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, кој е избран и за пратеник во Собранието на Република Северна...

Македонија21 час

Собранието го доби новиот спикер: Африм Гаши избран за претседател

Африм Гаши е избран за претседател на Собранието на Македонија. Беше изгласан со 76 гласа ,,за”, а ,,против” гласаа само...

Македонија22 часа

Собранието ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието во рамки на конститутивната седница со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни го усвои извештајот на Верификационата комисија...

Македонија23 часа

Силјановска-Давкова: Лентите не се многу големи, сакав да пишува РС Македонија, но немаше место

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова објасни зошто на чествувањето во Ватикан на венецот што беше положен не беше напишано името на државата....

Македонија1 ден

Димитриевски го поддржува Гаши за претседател на Собранието, поделбата на власта и министерските позиции сè уште не ги договорил

Африм Гаши има поддршка од ЗНАМ за претседател на Собранието. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, пред почетокот на денешната конститутивна...

Македонија1 ден

Апасиев смета дека со Гаши парламентот ќе биде косоваризиран, Мицкоски коментира дека се однесува како џанак

Првиот човек на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, пред конститутивната седница денес ја отфрли можноста да го поддржат изборот на...

Топ1 ден

Во тешка сообраќајна несреќа во Делчевско загина маж

Вчера, во 12.15 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека во атарот на село Драмче, Делчевско, се случила сообраќајна...

Македонија1 ден

Земјотрес во Скопје

Во Скопје утрово е регистриран земјотрес. Од Сеизмолошката опсерваторија информираа дека потресот се случил во 10.48 минути, со Рихтерова локална магнитуда...

Македонија1 ден

Пронајдени 1.408 пушки од балканските војни при градежен зафат во Битола

Регионалниот ЦУК Битола известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување градежни земјени работи, пронајдени се 1.408...

Свет1 ден

Шпанија, Ирска и Норвешка, денеска, и официјално ќе ја признаат Палестина

Шпанија, Ирска и Норвешка и официјално ќе ја признаат палестинската држава и покрај бесната реакција на Израел. Повеќе од 140...