Македонија
Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент од Тетово и пациент од Штип, објави министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.
Направени се 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19.
Најголем број нови случаи се потврдени во Скопје – 23, во Струга – 11, во Штип – 10 и во Куманово и Охрид по осум.
Во Македонски Брод и во Гостивар се потврдени по четири нови случаи. По три нови случаи има во Прилеп и Битола.
Во Дебар, Тетово, Велес, Виница, Свети Николе и во Кичево се потврдени по два нови случаја и по еден во Кавадарци и Струмица.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти, од кои најголем број се од Скопје – 57 и Свети Николе – 10.
Досега во земјата се направени вкупно 108.384 тестирања на Ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со повремен слаб дожд
Променливо облачно време, претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во следните денови времето ќе биде стабилно и релативно топло, освен во петок кога ќе има услови за повремен локален дожд и појава на ретки грмежи.
Скопје
Без вода дел од Центар
ЈП Водовод и канализација – Скопје извести дека денеска без вода ќе биде дел од Центар.
• Поради дефект на улична цевка ф 80мм на улица Народен Фронт бр 17 без вода ќе останат корисниците на дел од улицата Народен Фронт и дел од улицата Васил Ѓоргов во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.
• Поради водоводен приклучок од 3/4 на улицата Славе Георгиевски-Шнајдерот бр 6 без вода ќе останат корисниците од улицата Ленинградска во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја неколку општини во Скопје
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
Во период од 08:30 до 14:30 часот дел од ул. Хо-Ши Мин, ул. Марјан Лазевски, ул Софре Марковски, дел од. ул. Натанаил Кучевишки . (Општина Бутел)
Во период од 09:00 до 11:00 часот дел од с.Долно Соње (м.б.Азмак) (Општина Сопиште)
Во период од 08:30 до 12:00 часот дел од корисниците на ул.Лука Геров, Арск Мицков, Пекљане, Тиранска, Антон Чехов, Пелинце (Општина Ѓорче Петров)
Во период од 08:10 до 11:10 часот ул. Рокомија, ул. Ферид Бајрам, ул. Александар Турунџов, дел од бул Христијан Тодоровски Карпош објектите наспорти новата зграда на ЗСФ (Општина Бутел)
Во период од 08:00 до 11:00 часот дел од с.Љубош (ул.1 и околни) (Општина Студеничани)
Во период од 08:00 до 12:00 часот корисниците од с.Кучково (Општина Ѓорче Петров).