Македонија
Шест починати и 156 нови потврдени случаи на Ковид-19 во земјата
Во последните 24 часа се направени 1.227 тестирања, а регистрирани се 156 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 100, Куманово – 11, Дебар – 1, Штип – 6, Прилеп – 1, Тетово – 19, Струга – 2, Велес – 6, Битола – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Кочани – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 1.
Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје и двајца од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починати се 2 лица од Скопје, пациентка на 70 години, хоспитализирана на 16 јуни, и пациентка на 76 години, од 10 јуни на клиниката.
На Клиниката за нефрологија почината е пациентка од Скопје на 74 години и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ почината е пациентка од Скопје, исто така на возраст од 74 години.
Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на 66 години, примена во болницата на 14 јуни. Во КБ Тетово почина пациент на возраст од 71 година, хоспитализиран на 16 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 27 оздравени пациенти од: Скопје – 10, Штип – 3, Тетово – 10, Велес – 1, Битола – 1 и Неготино – 2.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4.820, бројката на оздравени пациенти е 1.863, на починати е 222, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.735. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2343, активни 1593
• Куманово 679, активни 230
• Дебар 63, активни 11
• Штип 260, активни 208
• Прилеп 230, активни 17
• Тетово 500, активни 304
• Струга 149, активни 70
• Велес 162, активни 34
• Битола 38, активни 9
• Охрид 91, активни 72
• Кавадарци 9, активни 4
• Гостивар 79, активни 53
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 7
• Крива Паланка 10, активни 4
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 5, активни 2
• Кочани 59, активни 26
• Пробиштип 11, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 5, активни 3
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 5, активни 3
• Свети Николе 12, активни 10
• Кичево 5, активни 2
• Ресен 48, активни 47
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1.227 теста се преку: ИЈЗ –484, ЦЈЗ Скопје-39, Авицена – 105, Биотек –152, Систина со PCR-метода –104, МАНУ -151, Жан Митрев (Филип Втори) -180 и Судска медицина – 12. Досега во земјата се направени вкупно 49.020 тестирање на ковид -19.
Во рамките на скринингот се направени 31 тестирања во градинки во Штип, нема позитивен резултат на Ковид-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 126 пациент. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 36 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 72 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 352
• Аеродром – 127
• Бутел – 117
• Гази Баба – 128
• Центар – 123
• Карпош – 108
• Сарај – 109
• Кисела Вода – 82
• Ѓорче Петров – 63
• Студеничани – 75
• Шуто Оризари – 54
• Арачиново – 44
• Илинден – 24
• Петровец – 12
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 11
• Странец – 4
• Нераспределен-51
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

