Македонија
Шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус во Македонија
Во последните 24 часа во Македонија се регистрирани шест смртни случаи и 205 новозаболени од коронавирус. Оздравени се 336 заболени.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања, а регистрирани се 205 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 60, Куманово – 13, Дебар – 17, Штип – 10, Прилеп – 2, Тетово – 13, Струга – 12, Велес – 3, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 23, Струмица – 1, Крушево – 1, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 1, Берово – 1, Свети Николе – 29, Кичево – 7, Ресен – 3.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 113, Куманово – 28, Дебар – 8, Штип – 15, Прилеп – 1, Тетово – 40, Струга – 52, Велес – 1, Охрид – 57, Кавадарци – 1, Гостивар – 8, Крива Паланка – 4, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Валандово – 2 и Ресен – 4.
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и двајца од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 Септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во Општата болница Гостивар почината е пациентка на возраст од 80 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати – 368, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.
Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 3.716, активни 1.871
• Куманово – 831, активни 164
• Дебар – 137, активни 76
• Штип – 421, активни 161
• Прилеп – 291, активни 59
• Тетово – 844, активни 324
• Струга – 300, активни 147
• Велес – 201, активни 38
• Битола – 68, активни 27
• Охрид – 219, активни 133
• Кавадарци – 23, активни 15
• Гостивар – 211, активни 128
• Гевгелија – 12, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица – 19, активни 11
• Крива Паланка – 18, активни 8
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 9, активни 5
• Кочани – 76, активни 16
• Пробиштип – 32, активни 20
• Демир Хисар – 5, активни 4
• Македонски Брод – 8, активни 6
• Пехчево – 6, активни 2
• Берово – 4, активен 1
• Валандово – 6, активни 0
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 5, активни 2
• Свети Николе – 88, активни 81
• Кичево – 65, активни 56
• Ресен – 132, активни 87
• Неготино 21, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се пет пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 19 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, две деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се четири пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 41, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и во Струмица хоспитализирани се 112 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Активни случаи по општини во Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 323
• Аеродром – 162
• Бутел – 146
• Гази Баба – 200
• Центар – 146
• Карпош – 147
• Сарај – 128
• Кисела Вода – 108
• Ѓорче Петров – 107
• Студеничани – 116
• Шуто Оризари – 86
• Арачиново – 45
• Илинден – 31
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 8
• Зелениково – 13
• Странец – 5
• Нераспределен – 67
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, по пријава за семејно насилство извршено врз неговата 32-годишна вонбрачна партнерка, која била во вториот месец од бременоста.
Според Обвинителството, насилството се случило во домот на улицата „Рајко Жинзифов“ во Скопје, каде по расправија осомничениот започнал физички да ја напаѓа жената, удирајќи ја со тупаници и шлаканици по главата и телото. На оштетената ѝ биле нанесени гребаници, отоци и хематоми.
Додека жртвата викала и барала помош со намера да ја слушнат соседите и да повикаат полиција, осомничениот, според наводите, станувал сè поагресивен и продолжувал да ја удира, а во еден момент ја притиснал со раце за врат со цел да ја замолчи.
За да се спаси и да излезе од домот, жената го убедила осомничениот да заминат на гинеколошки преглед и да направат ехо на бременоста. Додека се движеле со автомобил и возилото застанало на семафорите на булеварот „Св. Климент Охридски“, таа успеала да избега и да влезе во блиско кафуле, каде побарала помош. Со позајмен мобилен телефон веднаш ја известила полицијата.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерки на претпазливост, кои вклучуваат обврска осомничениот повремено да се јавува кај надлежен орган, привремено одземање на патна исправа, како и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетената.
Македонија
Филипче обвинува дека власта удрила и по средните винарии
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава од Моклиште, Кавадраци, нагласи дека со новите критериуми за добивање субвенции владата директно ги оштетува средните винарии, а новите правила за субвенции одат во прилог на само неколку големи компании.
„Средните винарии имаат обврска да продадат, 30% од грозјето на најголемите една или две винарии, со цел да воопшто стигнат до субвенција. Сето ова оди во прилог на потребите на само една или две големи винарии. Лозарите, тие кои мака мачат на сонце на лозовите насади, малите винари, средните винари, сите се намерно оштетени, намалени им се парите или воопшто нема да можат да ги земат, што е една катастрофа за овој регион“, рече Филипче.
Тој додаде дека во новата Програма за субвенции во земјоделството и парите се скратени и условите за добивање субвенции се усложнети.
„Владата ја намалува и Програмата за субвенции во земјоделството во целост. Од 140 на 100 милиони евра. Значи за цела третина, помалку пари, кај сите сектори во земјоделството, сточарството, лозарството, поледелството, овоштарството и нема да имаат овие земјоделци доволно поддршка од државата како што тоа го имаше во времето на владата на СДСМ“, рече Филипче.
Во изјавата Филипче нагласи дека лозарите не можат да очекуваат позитивни вести кога станува збор за поддршката од државата.
„За жал, сметам дека лозарите оваа година немаат да има добри вести во однос на тоа што значи поддршка од страна на владата за развој на овој сектор. Овој сектор земјоделството во мало го означува пристапот на оваа власт генерално во државата. Кражба, пљачка и незаинтересираност за луѓето.Жалам, но оваа власт не се грижи за граѓаните, за државата“, рече Филипче.
Македонија
Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга
Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето на водата во градскиот водовод, која тој лично ја ангажирал.
Тој изјави дека Општината презема мерки за надминување на проблемот поради кој жителите веќе една недела не можат да ја користат водата, која од чешмите тече заматена и со темнокафеава боја, поради што е забранета за пиење и употреба.

