Македонија
Шеќеринска: Армијата ќе ги обезбедува Собранието, Владата и затворите
Армијата ќе ја преземе контролата на границите, односно војската ќе го контролира зелениот појас, за дел од полицијата да биде отповикана и ставена на располагање внатре во државата, онаму каде има недостаток од кадар.
Минситерката за одбрана, Радмила Шеќеринска посочи дека Армијата ќе спроведува и проверка на влезови и излези од населени места, каде ќе бидат поставени мобилни пунктови.
„Наша задача ќе биде мобилни екипи од полиција и Армија да спроведуваат проверки на влезови и излези од населени места, како и мобилни пунктови и контролни точки. Третата задача е во овој период да обезбеди физичко обезбедување на витални објекти кои досега беа обезбедувани од МВР. Тоа значи дека Армијата ќе го превземе обезбедување на објекти како Собранието, Владата, како и други важни локации како на пример, затворите. Не треба никој да се грижи дали на примиер, затворите се под контрола или не се. Армијата нема да биде затворска полиција, но значи дека она што порано го вршела полицијата со надворешно обезбедување, сега ќе го прави Армијата“, рече министерката Шеќеринска.
Таа посочи дека границите се контролираат и дека ќе се спречи нелегалниот влез и излез од државата преку контролите на Армијата.
„Целосно ќе ја преземеме контрола на граничната линија што не значи дека војниците ќе ги контролираат границите, бидејќи тоа ќе продолжи да го прави полицијата, меѓутоа, порано наречената зелена линија ќе биде под надзор од Армијата за да се спречат нелегални влезови и излези од нашата граница. Со ова ќе овозможиме дел од полициските сили да бидат повлечени од границите без никаква опасност по нашата држава и да се сконцентрираат на други задачи“, додаде Шеќеринска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

