Македонија
Шекеринска: Кривична и политичка одговорност за сите кои потфриле со бегството на Миајлков
На новинарско прашање дали ќе има одговорност за бегството на Сашо Мијалков, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, одговори дека во овој случај ниту Владата ниту правосудните органи не смее и нема да затворат очи.
„Мислам дека и реакциите во јавноста, но и реакциите во институциите покажаа дека ќе бараме решителна акција од страна на сите институции кои се повикани да обезбедат акција и ќе бараме одговорност“, рече Шекеринска.
Според неа, прашањето е дека органите на прогонот ќе мора да дадат одговор на прашањето кој ја доставил информацијата и кој го информирал Мијалков, како и одговор на прашањето кој го обезбедил и овозможил неговото бегство.
„И двете очекувања се целосно оправдани и на нив ние мора да дадеме одговор. Кога велам ние, зборувам и за извршната власт и за правосудните органи кои по овие прашања не можат ниту да молчат ниту да бегаат од одговорност. Политичка одговорност ќе има. Кај сите органи кои потфрлиле ќе мора да бараме и политичка, но од некои луѓе ќе мора да бараме и кривична одговорност“, додаде Шекеринска.
Оцени дека бегството на Мијалков не се случило само поради превид.
„Ова се случило очигледно поради тоа што некој од малкутемина кои што знаеле ја споделил таа информација со човекот кој требаше да се соочи со правдата. Ова покажува дека луѓето кои долги години чекаат да им завршат судските постапки стануваат свесни дека веќе нема игра со овие правни прашања, нема игра со правната држава“, истакна министерката за одбрана од Армискиот полигон Криволак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

