Македонија
Шилегов: Вториот дел од Градскиот парк во Скопје летово ќе добие нов изглед
Почна реконструкцијата на патеките во вториот дел на Градскиот парк, а на настанот присуствуаше и скопскиот градоначалник Петре Шилегов според кого тој дел бил долго време запуштен.
„Започнуваме голема реконструкција на патеките во таканаречениот нов дел од паркот. Градскиот парк е формиран некаде 1930 година, а овој дел е изграден во 1970 година, и од тогаш ние немаме сериозна интервенција во овој дел од паркот. Како што и самите добро знаеме станува збор за сериозно руинирани и сериозно девастирани патеки што веќе стануваат и критични за безбедноста на граѓаните“, посочи Шилргов.
Градоначалникот нагласи дека се работи за инвестиција во вредност од 20 милиони денари, а очекувањата се дека површината од 20 илјади квадратни метри, ќе биде готова во наредните 35 до 40 дена.
„Така, овој дел од паркот ќе добие целосно нов изглед имајќи предвид дека со овие активности е предвидена и целосна замена на канделабрите, поставување на нови клупи и канти за џебен отпад за кои сме сведоци дека недостигаат, така што од средината на јули овој дел од паркот ќе има целосно нов лик“, рече Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

