Македонија
Шилегов: Данела Арсовска продолжува да ја лаже јавноста за бугарското државјанство
Имав можност денеска да ги видам информациите во медиумите и искрено многу непријатно се изненадив, коментира актуелниот градоначалник на Скопје и кандидат за втор мандат, Петре Шилегов, по објавата на СДСМ дека неговата опонентка Данела Арсовска имала бугарско државјанство.
„Не толку поради фактот дека има бугарско државјанство, за кое, ако сакате да го добиете, треба да се изјасните како Бугарин/Бугарка. Како се чувствува по националност и зошто и како зела државјанство, тоа е нејзина работа. Но, она што ме загрижува мене, а верувам и сите скопјани е, прво, зошто не ја кажува вистината во јавноста и, второ, зошто продолжува да ја лаже јавноста за овој очигледен факт. Прашањето е за што уште не ја кажувала вистината и за што уште што кажа во кампањата е лага? Скопјани секако не заслужуваат ваков третман од некој што претендира да биде градоначалник, очигледно Арсовска е склона кон криење факти од јавноста. Сериозно се доведува во прашање нејзиниот интегритет и чесност како можен градоначалник на Скопје. Тоа е клучното прашање што сега треба да си го постават и граѓаните и медиумите“, вели Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

