Македонија
Шилегов ќе потроши 13 илјади евра за да го истражува мислењето на граѓаните
И покрај тоа што стана градоначалник на Скопје пред повеќе од една година, Петре Шилегов допрво ќе го истражува мислењето на граѓаните за градските проблеми и политики. Градот Скопје распиша оглас за 13 илјади евра. За овие пари треба да бидат направени осум телефонски анкети во период од една година, врз репрезентативен примерок од најмалку 1000 полнолетни испитаници.
„Целта на истражувањето е да го истражи мислењето на граѓаните на Град Скопје во однос на градските проблеми и политики, како и да овозможи квантитативно толкување низ одредена временска рамка“, се вели во огласот што денеска беше објавен.
Шилегов по преземањето на функцијата градоначалник се соочи со голем број критики од јавноста, почнувајќи од несоодветното справување со енормната загаденост, нерешавањето на проблемот со бездомните животни, нереализирани проекти што ги вети во изборната програма, критики претрпе и во однос на неможноста да се справи со наездата од комарци во текот на летниот период, големите трошоци за украсување на главниот град за новогодишните празници и многу други. Последниот гаф Шилегов го претрпе пред еден месец, кога медиумите го „уловија“ како игра игра на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправаше за загадувањето.
Сега, со последниот оглас што го распишува градот, испитаниците ќе одговораат на 50 прашања поврзани со градските политики.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

