Македонија
(Видео) Шилегов: Наумоски не може да се тргне од позицијата основач на „Плоштад слобода“
Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, призна дека шефот на кабинетот, Никола Наумоски, е сè уште основач на здружението „Плоштад слобода“, кое доби 180 илјади денари од Градот за културен проект. Шилегов тврди дека Наумоски не може да се тргне од таа позиција.
„Не можете да се тргнете од основач на здружение, тоа е број еден. Тој е основач затоа што ви требаат пет луѓе за да основате здружение. Во овој процес нема ништо совршено, ништо сомнително. Никола Наумоски бил дел од раководните стуктури и бил повлечен во моементот кога станал шеф на кабинетот. Тој го замрзна своето челенување и е повлечен од органите на управување на тоа здружение“, вели Шилегов.
Градоначалникот на град Скопје вели дека Наумоски немал влијание врз одлуката.
„Апсолутно, ниту има влијание врз нашата одлука ниту врз одлуката на комисијата. Никола Наумоски не можел да влијае на таа одлука лично, ниту е засегнат. Повторувам, програмата е 16 милиони денари. ‘Плоштад слобода’ има добиено 180 илјади денари од Градот“, вели Шилегов.
Шилегов потсети дека Наумоски бил дел од неговиот изборен штаб и како граѓански активист станал шеф на кабинетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

